11.09.2012, 13:32 Џејми Оливер – втор најпродаван автор во историјата
Светски познатиот готвач се искачи на второто место на листата на најпродавани автори на книги и дека од оваа дејност заработил 126 милиони фунти
Џејми Оливер (37) за себе вели дека во детството луѓето го шиканирале поради сериозниот облик на дислексија што ја имал. Затоа денес е уште поинтересно дека стигнал на второто место на листата на најпродавани автори на книги и дека од таа работа заработил 126 милиони фунти.
Готвачот и ТВ-ѕвезда е роден во Есекс и е презентер на здрава храна за деца во училиштата, продал повеќе од 10 милиони готвачи и се нашол веднаш зад авторката на „Хари Потер“ – Џоана Ролинг. Нејзините седум книги за младиот волшебник инкасирале 237,6 милиони фунти. Листата на најпродаваните автори ја има направено магазинот „Букселер“.
Покрај Џејми, чии бестселери „Голиот готвач“ и „Јадења за 30 минути“ и понатаму се меѓу најбараните во книжарниците низ светот, на листата се нашле уште некои готвачи, као што се Најџела Лосон, Делаја Смит и Гордон Ремзи.
Интересно е дека младиот готвач ги оставил зад себе писателите како Џон Гришам, Стивен Кинг и авторот на трилогијата „Милениум“ за Стиг Ларсон. Богатството на Џејми Оливер се проценува на 200 милиони евра, а неговата последна книга „Јадења за 30 минути“ е продадена за еден милион примероци. |