Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
06.09.2012, 12:41
„Ш ш ш“ - симболичен наслов за почеток на Македонската филхармонија



Сезоната на 27 септември ќе ја отвори исклучителниот швајцарско-италијански пијанист, Франческо Пјемонтези

Со концертот симболично насловен „Ш ш ш“, Македонската филхармонија на 27 септември во Домот на АРМ ја стартува новата концертна сезона за која најавува богата и разновидна програма. На овој прв концерт како солист ќе настапи исклучителниот швајцарско-италијански пијанист Франческо Пјемонтези, под диригентската палка на полскиот маестро Јануш Пшибилски, редовен гостин на македонската концертна сцена.

Како што велат од Филхармонијата, насловот на концертот доаѓа од изборот на композитори чии дела ќе се изведат - Роберт Шуман, Франц Шуберт и Арнолд Шенберг, чија пак, оркестрација на Брамсовото „Рондо Цингарезе“, за прв пат ќе прозвучи во Македонија.

Како солист, Франческо Пјемонтези особено се истакнува во неговата интерпретација на делата на Моцарт, Бетовен, Шуман,Брамс, Шопен, Дебиси и Равел, настапувајќи со Лондонската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Би-би-си, Израелската филхармонија, Камерата Салцбург... Соработува со диригенти како: Зубин Мехта, Јиржи Белохлавек, Сакари Орамо, Васили Петренко, Михаил Плетњов, Тиери Фишер. Пјемонтези негува особен уметнички интерес кон камерната музика. Снима за „ЕМИ Класикс“ како дел од серијата „Марта Аргерич и пријателите“, а исто така и за „Клавес Рекордс“ оставајќи високо оценет запис на музика од Роберт Шуман и последниот албум за „Аванти Класик“ со музика на Хендл, Брамс, Бах и Лист.

Еден од новитетите кои ги најави оваа институција, е и редизајнираната веб-страница која гласи www.filharmonija.mk, на која е објавена целата концертна сезона, како и биографиите на солистите и диригентите. Во соработка со маркетинг агенцијата „Футура 2/2“, пак, стартува и новата кампања за сезоната 2012/2013, како и промотивната продажба на претплатничките циклуси „Фортисимо“, „Форте“, „Мецо“ и „Пијанисимо“, со промотивни цени за 10 насто пониски од вообичаените.

Од Филхармонијата истакнуваат дека претстојната концертна сезона изобилува со атрактивни солисти и диригенти, како и со музички дела кои досега не се изведувани на нашиот концертен подиум. По подолго време ќе биде изведено и македонско дело кое е специјално нарачано од Македонската филхармонија, а ќе биде избрано по пат на конкурс.

И во сезоната 2012/13, Филхармонијата ги задржува тематските циклуси „Виртуози“ и „Лауреати“. Најавени се настапи на исклучителни имиња од светската музичка сцена меѓу кои и победничката на Шопеновиот конкурс, пијанистката Јулијана Авдеева, потоа виолинистката Акико Суванаи - најмлада победничка на натпреварот „П. И. Чајковски“, потоа виртуозните пијанисти Жан-Ефлам Бавузе и Хусеин Сермет, харизматичниот гитарист Милош Карадаглиќ, светски реномираниот флејтист Филип Бернол, виолончелистот Лазло Фењо, виолистот Александар Земцов, како и еден од најдобрите светски трубачи - Сергеј Накарјаков.

Циклусот „Кирилица“, пак, на кој настапуваат македонски солисти, од оваа година е под покровителство на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Во негови рамки ќе настапат виолинистите во подем - Емилио Перцан и Софија Никоска, талентираниот хармоникаш Александар Коловски, пијанистката Кристина Светиева, кларинетистите Здравко Ангелов и Игор Бакревски, како и нашиот најдобар сопран - Ана Дурловски, која ќе го изведе спектакуларниот и ретко изведуван концерт за колоратурен сопран од Ранхјолд Глиер.

И годинава, велат од Филхармонијата, нема да изостанат и симфониските концерти за најмладите, кои се под покровителство на сопругата на претседателот на Македонија, Маја Иванова.

Промотивната продажба на претплатничките циклуси ќе трае до 27 септември, а Македонската филхармонија, велат од таму, со кампањата „Купи билет за Македонска филхармонија“, настојува да ја поттикне свеста кај публиката за негување на културата и нејзините вредности. (Т.И.)



Статијата е прочитана 275 пати.

Испрати коментар



Фред Келеман ќе го предводи жирито во Битола
Анџелина Џоли на суд поради филмот „Во земјата на крв и мед“
Една година Музеј на македонска борба
Швеѓаните помалку пушат, но се дебелеат
Со „Животот на Молиер“ почнува „Ристо Шишков“
Кумановски театар со претстава по текст на Горан Стефановски
Денови на македонската култура во Марибор и Киев
Ирански атлетичар избегнал ракување со принцезата
Марија Светиева со графики во Берлин
Новиот ајфон ќе биде претставен на 12 септември
(ФОТО) Два пати повеќе страници за иста цена со новите печатачи на HP
(ФОТО) „Недела на дизајнот“ отвора нови уметнички хоризонти
Уметниците и годинава ќе творат на Осогово
Промоција на „Кинеење“ од Тони Цифровски
Европски ден на еврејската култура
Се ожени ексминистерот за здравство Бујар Османи
Почина актерот Мајкл Кларк Данкан
Почина првенката на скопската опера Ана Липша-Тофовиќ
„Прес ту егзит“ во влијателна публикација објавена во Њујорк
Награди за Македонија на Светскиот фестивал на непрофесионален филм
Дизајнерски новитети на „Недела на дизајнот“ во Скопје
„Приказната за изгубениот рај“ на Марина Лешкова во МСУ
Голем концерт на „Филип Втори“ по повод 8. Септември
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Станицата што чини стотици милијарди долари двајца астронаути ја спасиja со помаш на четка за заби од три долари...
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...
Мурси го враќа Египет на главната сцена
Мохамед Мурси презема стабилни чекори во новата надворешна политика. Многумина се изненадени...
Интелигенцијата веќе не постои во Европа
Интервју, филозоф Андре Глуксман (3) Францускиот филозоф смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. В...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |