04.09.2012, 09:36 „Приказната за изгубениот рај“ на Марина Лешкова во МСУ
Во Музејoт на современата уметност вечерва ќе биде отворена изложбата „Приказната за изгубениот рај“ на Марина Лешкова.
Претставувањето на нејзиното творештво и суштината на основната идеја, како претставник на современата генерација ликовни уметници на македонската ликовна сцена, со индивидуална современа дефинираност и со свој изграден ликовен ракопис, Марина Лешкова, после долго време, го претставува сопственото ликовно творештво пред македонската јавност.
Од самиот почеток Лешкова развива индивидуален вид експресионизам. Преку историско-уметничките реминисценции на македонската средновековна уметност, оформениот и искажан однос кон иконата, симболично и интелектуално но сепак ликовно прикажано со сцени од христијанската религија, а сега веќе во еден поинаков стил и тема која ни го наговестува рајот, за саканато и изгубеното.
На изложбата, која ќе биде отворена до 21 септември, ќе бидат поставени 33 дела, акрил на платно и на даска. Куратор и организатор на изложбата е Ива Петрова. |