05.09.2012, 15:43 (ФОТО) Два пати повеќе страници за иста цена со новите печатачи на HP
Под мотото „2Х повеќе страници за иста цена“, Хјулит Пакард денеска пред медиумите ја претстави својата HP Ink Advantage серија на печатачи за домашна употреба и мали претпријатија
На оваа промоција HP за првпат во Македонија ја претстави на пазарот новата генерација на економични и високо квалитетни печатачи. Како лидер во индустријата, преку претставување на новата серија печатачи под името Ink Advantage HP предизвика нов тренд и намалување на цената на печатењето со што целосно одговори на потребите на денешните корисници.
На пресот беа презентирани 7 нови печатачи од кој што 5 за домашна употреба, а 2 за канцелариско работење. Моделите се едноставни за употреба како за почетниците така и за они со искуство во работење со ваков тип на производи. Зголемениот капацитет на овие печатачи е потврден со бројни тестови и е докажано дека има најголем процент на покриеност до сега.
HP Ink Advantage печатачите овозможуваат ефтина цена за потрошен материјал, но не за сметка на квалитетот. Корисниците повторно го имаат добро познатиот квалитет на отпечаток карактеристичен за HP.
„Печатењето со HP Ink Advantage печатачи и оригинален потрошен материјал е поефтино од користењето компатибилни кертриџи. HP Ink Advantage е поисплатлив кога се користат оригинални кертриџи бидејќи тие печатат поголем број на страници во однос на компатибилните кертриџи и отпечатокот е со врвен квалитет“ изјави Елена Андоновска, Регионален Менаџер за производи и маркетинг, Печатачи и персонални системи.
Целта на овие нови модели е да овозможат поефтино и поекономично печатење за домашните и бизнис корисниците на растечките пазари бидејќи HP Ink Advantage печатачите им овозможуваат на корисниците двапати повеќе испечатени страници, за истата цена“.
|