06.09.2012, 16:13 Кумановски театар со претстава по текст на Горан Стефановски
Станува збор за „Духот на слободата“ по текст на македонскиот истакнат драматург, која ќе ја режира младиот Лука Кортина од Италија
Кумановскиот театар подготвува нова претстава. Станува збор за „Духот на слободата“ по текст на македонскиот истакнат драматург Горан Стефановски, која ќе ја режира младиот Лука Кортина од Италија.
Подготовките, како што информира актерката Јасмина Василева, е предвидено да траат два месеца, а претставата ќе биде одиграна пред кумановската публика по завршување на фестивалот „Денови на комедија“, кон крајот на идниот месец.
Инаку, режисерот Лука Кортина е Италијанец, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Претставата е дел од годишната програма на кумановскиот театар.
|