07.09.2012, 16:18 Георгиевски и официјално на чело на Народна
Љупчо Георгиевски, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, и официјално е прогласен за претседател на ВМРО-Народна партија. Од ВМРО-НП информираа дека денеска завршила сагата околу лидерската позиција во партијата, која почна пред неколку месеци, по заминувањето на Марјан Додовски во ВМРО-ДПМНЕ и одлуката на Георгиевски да го преземе кормилото во Народна. Додовски на заминување од ВМРО-НП, на чие чело беше неколку години, објави дека ја згаснува партијата, по што почна судската битка за докажување дека ВМРО-НП и продолжува да функционира со друг лидер.
„Се изврши официјален упис во судскиот регистар, со што Георгиевски се стекна со правен легитимитет, кој претходно, официјално, беше изгласан од сите партиски структури според законот и Статутот на партијата“, соопштија од ВМРО-НП. (П.Р.)
|