06.09.2012, 11:51 Најмалку 20 луѓе загинаа при потонување на брод во Егејско Море
Најмалку 20 луѓе загинаа откако брод со над 100 илегални имигранти денеска потона во Егејско Море во близина на градот Мендерес, во турскиот округ Измир.
Претставникот на локалните власти на Мендерс, Тахсин Куртбејоглу изјави дека откриени се 20 тела. Тој наведе дека 45 луѓе, меѓу кои капетанот и неговиот помошник, се спасиле.
Бродот потонал на околу еден километар оддалеченост од брегот.
Имигрантите кои успеале да се спасат се државјани на Сирија и на Ирак.
|