06.09.2012, 14:49 Двајца кумановци избодени со нож во тепачка
Двајца браќа се здобиле со убодни рани кои што им биле нанесени со нож по вчерашната тепачка која се случила на улицата „Братство и Единство“ во Куманово. На едниот од браќата му биле нанесени четири, а на другиот една убодна рана.
Триесет и двегодишниот Д.Ј. од Куманово се сретнал со браќата С.Х.(26) и С.Х.(28) кои седеле пред продавницата „Дес Дам“ и консумирале алкохол. Подоцна имс е приклучиле уште неколкумина, по што разгвоворот на групата, во еден момент преминал во расправија. Притоа Д.Ј. извадил нож и ги избодел браќата. Повредените биле пренсени во Медицинскиот центар. Кумановската полиција поднела кривична пријава со која Д.Ј. се сомничи за убиство во обид. (Љ.С.)
|