Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
06.09.2012, 15:39

„Магрива“: Ореви има, манипулации нема

Сопствениците на фирмата ги отфрлаат обвинувањата дека зеле субвенции за празна нива

Кавадарци - „Ореви има, манипулации нема“, велат Илија Сокаровски и Сашо Попов, сопственици на фирмата „Магрива“ од Кавадарци за која опозицијата завчера обвини дека добива околу 50.000 евра на име субвенции, иако има празна нива.

За да го докажат тврдењето, тие ги однесоа новинарите на насадите со 10 хектари ореви, 10 хектари цреши и 6,5 хектари кајсии. Велат дека ореви има и не се мистериозно исчезнати, а напразно биле обвинувани бидејќи субвенциите не биле педесетина илјади евра. „Ние сме земјоделци и не сакаме некој да не' користи за собирање политички поени“, велат сопствениците на „Магрива“.

Појаснуваат дека на јавен оглас зеле државно земјиште под концесија на кое има посадено 10 хектари ореви. Во 2010 година посадиле вкупен број прифатливи садници предвидени со упатството од Агенцијата за финансиска поддршка за подигање нов насад.

„Сакаме да кажеме дека сме регистрирале фирма со претежна дејност земјоделство и дека таа фирма навистина работи во интерес на развојот на земјоделството. Точно е дека ги користиме средствата од субвенции како што впрочем ги користат сите други земјоделци или земјоделски претпријатија. Двајцата сме дипломирани земјоделски инженери, а користиме и стручна помош. Сами можете да се уверите дека насадот постои и дека обвинувањата не се точни. Не знам како се случи да бидеме исполитизирани за некој да собира политички поени. Ние не сакаме политика, сакаме да работиме. Не' обвинуваат дека сме зеле 50.000 евра субвенции. Дека тоа не е точно може да се провери во банка“, рече Сашо Попов. (А.Д.)


Статијата е прочитана 1473 пати.

Испрати коментар



Започна „Тиквешкиот гроздобер“
Извадено стеблото од Вардар во Велес
Оризарска буна



jovan, 07.09.2012 00:57:44
Ako e taka, togas prikaskata dobiva poinakvi dimenzii.
ФЕЛИКС, 07.09.2012 07:30:24
Јанлаш,јанлаш што би рекле Турците, кога Шатевци говореле за оревите мислеле на лешниците.Па така ја утнале шемата за ореовите насади.Поради тоа што се тоа градски деца па и не разликуваат ореово од лешниково дрво.И на крајот навистина лешници нема на фотографијата со која се мафташе.Се гледа да само преспивале по селските домаќинства а не ги посетиле земјоделските површини.Се надевам дека кога повторно ќе мафтаат со фотографии ќе направа разлика помеѓу пченицата и пченката а богами и гравот.
Gio Frankfurt, 07.09.2012 07:52:59
Subvencii toa treba vednas da se ukine....kaj nie go polnime budjetot,a ovie dobivaat subvencii t.e nasi pari...pa i na pazar koga gi prodavaat proizvodite ne ubivaat so cena....i koga ke vidis dva pati go jademe stapot!
Saso, 07.09.2012 08:11:12
Trgovcite ne unistija prakajki ni sekakvi inspekcii za nekoj od nebo da mu padnat pari.Ima li subvencii za nas ako godinata e losa?Uzas od politika koj klati vrata zima plata isto kako vo komunizmot.
smes, 07.09.2012 08:41:23
ako e ova slikata sto ja prikazale dvajcata zemjodelci ,svarno ne znam sto da kazam pa jas imam poveke orevi vo mojot dvor vo sred skopje da pocnam i jas subvencii da baram.
Трпе, 07.09.2012 08:50:15
Да ореви има и тоа многу добро успеват во нашите краишта.Само дали се однесува за истите насади за кои се коментираше.Зарем на фотографија неможе да се снима цела парцела па затоа е даден само дел од неколку ари.Дали се однесува за оревите,цреши вишни или круши мучки за делење на концесионирано земјиште исубвенци има.Ореви има ама и злоупотреба има и тоа голема.Врапците на гранките тоа подобро го знат.
Ivan, 07.09.2012 09:24:15
Haha stavile 5-6 grancinja vo nivata i gi slikale kolku da ima nesto.
Krt, 07.09.2012 14:56:25
Vidi bre Felikse, dali ce maftaat so sliki na lesnici,orevi,beli bubrezi...ili od trite podolgoto, najvazno e da se iznese na videlina KOJ GI ZEDE PARITE (i kolku tocno). A za toa koj kade spie ic da ne te boli glava. Najbitno e deka ti treba vece da se RAZBUDIS!
BitolaHamiltonCanada, 07.09.2012 18:26:20
Orevi ima,manipulacii nema.Orevi nema ,manipulacii ima.Edna niva,dve razlicni sliki.Vo koja da veruvame?????Sekoj vo svojata.Vo sekoj slucaj nepotrebni subvencii.Da se subvencionira proizvodstvo na orevi,navistina e ludost.Orevite voopshto netreba da gi ima na listata za subvencii.Na narodod ne mu e dojdeno do orevi,na narodot mu e dojdeno do hrana koja shto sekoj den se poskapuva,a se poskapuva zatoa shto ne se proizveduva dovolno.Subvencii treba da dobivaat proizvoditeli na neophodni za zhivot proizvodi (zhitarici,ovoshje,zelenchuk),stochari, a ne na nekoj mu teknalo da sadi orevi pa odma subvencii.Osobeno za orevi koi po destina godini ke dadat plod.I ako dadat???Ovaa vlada ne e sposobna da napravi zdrava subvenciona programa so jasen prioritet kon neophodnite proizvodi.Ili pak ne saka.Vo matno,najdobro se lovi riba.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 12°C

Понеделник
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
„Рејбан“ – 75 години култен моден додаток
Ниту една ѕвезда ниту рекламна кампања не постигнала толку голем маркетиншки ефект за очилата за сонце „рејбан“ како фил...
Марио Драги ги осоколи берзите
Европската централна банка ги охрабри инвеститорите со мерките за спречување на должничката криза...
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Станицата што чини стотици милијарди долари двајца астронаути ја спасиja со помаш на четка за заби од три долари...
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |