Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
06.09.2012, 15:38

Оризарска буна

„Апсурдно е ние да произведуваме храна, а да немаме за јадење“, се жалат производителите на белото злато, кои не прифаќаат цена за белиот ориз пониска од 58 денари за килограм


Иван Бојаџиски


КОЧАНИ – На Кочанската Котлина вчера и' се случи голема оризарска буна. Над 200 земјоделци, производители на ориз, се собраа до главната сообраќајница Штип – Кочани за да го изразат своето незадоволство од односот на државата кон нивната мака. Ја обвинија државата дека е мафија, која профитира од маката на оризопроизводителите, а дека министерот за земјоделство постојано ги лаже давајќи ветувања кои никогаш не ги исполнува. Се пожалија дека работат само за трговците со вештачки ѓубриња, инсектициди и пестициди кои го собираат кајмакот оставајќи им на земјоделците само трошки, колку да не умрат.

„Апсурдно е, ние произведуваме храна, а немаме за јадење! Се' е против нас кои сме се определиле да живееме од оризот, од чесната работа на нивите. Не може да дојде министерот за земјоделство и да ни каже дека бил направен договор белиот ориз да се продава по цена од 45 денари за килограм, а ние за оваа стратешка прехранбена култура да не можеме да добиеме повеќе од 36 денари. Се' под цена од 58 денари за килограм бел ориз е неисплатливо за нас. Се прашуваме, толку ли му тежи зборот на еден министер?“, вели Љупчо Николов од село Чифлик и разочарано објаснува дека заедно со братот обработувале 1,3 хектари плодни ниви од кои половина се под ориз, но бидејќи од тоа последниве години не виделе никакво фајде, брат му заминал на работа во Италија, таму да аргатува за да си го прехрани семејството.

„Да имаш толкаво богатство од плодна земја, на неа да работиш од утро до мрак и пак да не можеш да преживееш, некој одговорен во оваа држава мора да се замисли за тоа. Сега сме тука само колку да предупредиме, ама наредниот пат нашите протести ќе бидат радикални“, се закани Николов.

За Раде Петров, пак, вина за целата ситуација има и кај инспекциските служби. „Точно е дека најголем профит од оризот имаат трговците со заштитни средства. Купив препарат за прскање со важност до 2015 година, но кога му падна налепницата под неа излезе датум дека препаратот важи до 2005 година. И тоа нема кој да го контролира, бидејќи со тој бизнис се занимаваат токму оние кои треба да вршат контрола“, обвини Петров.

Иако во Кочанско има повеќе институции кои го „бранат“ производството, како што се Кластерот за ориз и Националниот совет за ориз, од нив никој не се појави вчера пред земјоделците. Единствениот кој има некаква власт во свои раце, а кој цело време беше во колоната која протестираше беше Јорданчо Левков, градоначалник на општина Чешиново – Облешево, чии населени места се во срцето на оризовите полиња.

„Нашиот проблем е во власта. Министерот Љубчо Димовски кога доаѓа тука ни кажува дека проблемот бил кај преработувачите и откупувачите, но тој не дојде на состаноците на Кластерот и на Националниот совет за ориз да ги разјасниме и подобриме работите. Проблемот е во скапите репроматеријали, а тоа е бизнис кој го контролира и од кој дебело профитира некој од власта. Тука е и скапата нафта, која земјоделците ја плаќаат исто како и оние кои своите возила ги користат за уживање. Како градоначалник, целосно стојам зад овие протести. Ако наскоро не седнеме на маса заедно со ресорното Министерство, овде ќе се случуваат и многу порадикални нешта“, потенцира Левков.

Земјоделец од Чешиново упати јавен апел до премиерот Никола Груевски. „Не може една партија која има членство колку еден сокак во нашето село каква што е СП да контролира еден така значаен и голем сектор како што е земјоделството. Тоа е чист апсурд. Таму постојат само интересите на големците од таа партија и тоа премиерот мора да го има на ум“, рече овој оризопроизводител.

Цена на белиот ориз од 58 денари и на арпата од најмалку 30 денари за килограм, е минимумот под кој нема да одат производителите на белото злато. Ако за пет дена кај нив не дојде министерот Димовски и не го реши проблемот, ќе следува голема блокада на магистралата Штип – Кочани, а радикализацијата ќе ја има и на други начини.


Статијата е прочитана 730 пати.


Испрати коментар



Започна „Тиквешкиот гроздобер“
Извадено стеблото од Вардар во Велес
„Магрива“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Претежно облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -1°C

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелкa (18)
Ранковиќ на мета на Јованка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Телото како платно
Германска уметница Гезине Марведел за создавање на своите уникатни уметнички дела не користи традиционално сликарско пла...
(ФОТО) Четири милиони деца-робови во Бангладеш
Многу од деца помлади од 14 години во Бангладеш поголемиот дел од денот го поминуваат работеј��и во многу лоши услов...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |