Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
07.09.2012, 22:29

(ФОТО) Македонија несреќно поразена на „Максимир“



Репрезентацијата загуби во премиерниот меч во квалификациите за СП 2014 од Хрватска со 1:0 со голот на Никица Јелавиќ

Од нашиот известувач
Сашко Ѓ. Димовски

ФОТО: Петр Стојановски

ЗАГРЕБ - Македонската фудбалска репрезентација не успеа да сочува мирна мрежа во третото гостување на „Максимир". Вечерва загуби од Хрватска со 1:0 во воведниот меч во квалификациите за Светското првенство во Бразил во 2014 година. Подогокот вреден три бода за „коцкестите" го постигна Никица Јелавиќ во 69 минута.

Македонија одново се претстави во светло издание и одново остана со празни раце. Во првото полувреме имаше две супер можности за реализација. Шиков во 32 минута шутираше со глава по корнерот на Тричковски, а топката од гол линија ја "исчисти" хрватскиот капитен Дарио Срна. Девет минути подоцна Пандев упати проектил од 20 метри, а гредата беше сојузник на домашната репрезентација. Воведните 45 минути ги одбележа и спорна ситуација во хрватскиот казнен простор, но контактот меѓу Пандев и Плетикоса не беше за најстрога казна за главниот судија Алон Јефет од Израел.

Хрватите почнаа да паѓаат во второто полувреме, ја губеа поддршката и од трибините и, сепак, останаа трпеливи и со мирна глава што им донесе резултат. Модриќ уфрли топка во нашиот шеснаесетник, Манџукиќ со глава го проигра Јелавиќ кој исто така со глава го совлада вечерва одличниот Богатинов.



„Три моменти беа решавачки при голот. Немаше блок на 16 метри, немаше реакција и на противникот дозволивме ситуација два на еден. Но, не можам ништо да им забележам на моите играчи. Заслуживме бод. Жалам. Најтешко ми беше кога ги видов изразите на нивните лица во соблекувалната по натпреварот", изјави селекторот Чедомир Јаневски прес-конференцијата по мечот.

Репрезентацијата утре попладне го напушта Загреб и ќе се упати кон Глазгов каде во вторник ќе го одигра вториот меч во квалификациите против Шкотска. Селекторот Јаневски на Островот ќе замине во утринските часови со цел во живо да го проследи дуелот меѓу нашиот нареден ривал и Србија.

Хрватска - Македонија 1:0

Полувреме: 0:0. Стадион: "Максимир". Гледачи: 15.000. Главен судија: Алон Јефет. Помошници: Амихај Јехошуа Мозес и Абед ал Рамили (сите тројца од Израел). Стрелци: Јелавиќ во 69 минута. Ж. Картони: Шимуниќ, Вукоевиќ, Крањчар, Јелавиќ (Хрватска), Геоегиевски, Демири (Македонија).

Хрватска: Плетикоса, Стриниќ, Шимуниќ, Ќорлука (Вида 81 мин.), Ракитиќ (Крањчар 46 мин.), Вукоевиќ, Модриќ, Арна, Манџукиќ, Перишиќ, Едуардо. Селектор: Игор Штимац.

Македонија: Богатинов, Георгиевски, Шиков, Новески, Попов, Демири, Глигоров (Тасевски 82 мин.), Ибраими, Тричковски (Георгиев 73 мин.), Пандев, Ристиќ (Ивановски 80 мин.)). Селектор: Чедомир Јаневски.

У-21: Надежен триумф во Белфаст

Младата фудбалска репрезентација славеше над Северна Ирска со 3:1 и остана во игра за местата што водат кон ЕП 2013, во последниот меч поребна е победа против Србија, но и кикс на Данска против С. Ирска

Младата фудбалска репрезентација на Македонија ја совлада Северна Ирска во гости со 3:1 во квалификациите за ЕП 2013 во Израел. Творци на триумфот во Белфаст беа Спировски во 48 минута, Тимов во 72 минута и Станков во 90 минута, единствениот за домашната селекција беше дело на Меџенис во 10 минута.

Надежите и натаму се во игра за едно од местата што водат кон ЕП 2013 (првото директно, второто во бараж), но, сепак, не зависи се од нив. Во последниот меч на 10 септември ќе гостуваат во Крушевац кај Србија и ќе се обидат да освојуват нови три бода, а притоа ќе се надеваат и Северна Ирска да остане непоразена на гостувањето во Данска. (С.Д.)




 


Статијата е прочитана 2285 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Ако сакаме барем бод, мора по сите три
Трет пораз на македонските одбојкари
Мареј е првиот финалист на Ју- Ес опен
Металург во финалето на квалификациската група за ЛШ
Хамилтон ја освои пол позицијата во Монца
Доделена државната награда „8 Септември“ во областа на спортот
Мерит го урна светскиот рекорд на 110 метри со пречки!
Азаренка и Вилијамс во финалето на Ју-ес Опен
Бенати најбрз во најдолгата етапа на Вуелта
Одбојкарите разочараа против Австрија
Лош ден за шахистите на Олимпијадата
Ѓоковиќ и Ферер во полуфиналето на Ју-ес Опен
(ФОТО) Тренинг на македонската фудбалска репрезентација во Загреб
Николиќ го засили МЗТ
Наковска-Бикова го освои 17. место, Каранфилов 27-ми
Контадор нов лидер на Вуелта
(ФОТО) Македонија по трета среќа на „Максимир“
Мурињо го тешеше Роналдо
Одбојкарите сонуваат бараж за ЕП
САД преголем залак за македонските шахисти
Јаневски го крие составот
Федерер елиминиран во четвртфиналето на Ју-ес опен
Дел Пјеро го одбра Сиднеј наместо Ливерпул
Навивачи на „Арсенал“ уапсени за убиство
Ферер побрз од дождот, подобар од Гаске
Хрватите со петмина во средината и со еден напаѓач
Фергусон, конечно, ќе му даде шанса на Болт
Роналдо - Парите немаат никаква врска
Македонија се искачи на 97. место на ФИФА-листата
Македонските шахисти блескаат на Олимпијадата
Насев прв добитник на наградата „8 Септември“ за животно дело
Сити подготвил 120 милиони евра за Роналдо!?
Федерер со Бердих за полуфиналето на Ју-Ес опен
Мундијалот ќе се игра со топката „Бразука“
Хулк и Витсел во Зенит за 90 милиони евра
Шаховска Македонија поголема од Австралија
(ФОТО) Македонија ги почна подготовките за Хрватска и Шкотска
Каранфилов 10., Наковска-Бикова 12. со МК-пиштол
Роналдо не е среќен во Реал Мадрид
Шведски фудбалер даде гол и почина!
Надал ќе паузира уште два месеца



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 12°C

Понеделник
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
„Рејбан“ – 75 години култен моден додаток
Ниту една ѕвезда ниту рекламна кампања не постигнала толку голем маркетиншки ефект за очилата за сонце „рејбан“ како фил...
Марио Драги ги осоколи берзите
Европската централна банка ги охрабри инвеститорите со мерките за спречување на должничката криза...
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Станицата што чини стотици милијарди долари двајца астронаути ја спасиja со помаш на четка за заби од три долари...
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |