04.09.2012, 13:58 Мундијалот ќе се игра со топката „Бразука“
Во конкуренција за име на топката биле и „Боса нова“ и „Карнавалеска“, но на крајот главниот збор го дадоа фановите на бразилскиот фудбал
Натпреварите на Светското фудбалско првенство во Бразил 2014 година ќе се играат со топката „Бразука“. Неа ја изработи компанијата за спортска опрема „Адидас“, а ја претстави легендарниот бразилски фудбалер Кафу. Името на топката го дадоа навивачите на земјата-домаќин преку гласање. „Бразука“ е термин што Бразилците го користат за да ја искажат националната гордост.
Во конкуренција за име на топката биле и „Боса нова“ и „Карнавалеска“, но на крајот главниот збор го дадоа фановите на бразилскиот фудбал. „Бразука“ ќе биде првата топка што во себе ќе има вградена технологија за сигнализирање за секој постигнат гол.
Користењето на официјална топка на Светските првенства почна во 1978 година во Аргентина, кога топката го носеше името „Танго“.
Квалификациите за СП 2014 година почнуваат викендов.
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Ведро
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Финска - иднина без Нокиа Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ... | |
|