04.09.2012, 16:39 Ка-дис со нови докази за тендерот за полициски возила
Компанијата Ка-дис, која на последното наддавање на тендерот за набавка на полициски возила не учествуваше поради поништувањето на тендерот на кој тие беа избрани, тврди дека има нови докази – видео снимка. На снимката, како што велат од Ка-дис, се гледа како “некој правен субјект минимум два пати надавал во период од 12:22:00 до 12:29:46, период кој беше оспорен од Порше Македонија.
“По вчерашната незаконска лицитација јасно се виде дека тој правен субјект бил Порше Македонија“, велат од Ка-дис.
Се сомневаме дека повторувањето на лицитација е со цел да се амортизира негативниот ПР предизвикан од лажните изјави на компанијата Порше, велат од Ка-дис.
„Се сомневаме дека Порше бил изненаден од понудата на Ка-дис и требало да добие дополнителни инструкции од принципалот за повторената лицитација кои не можел да ги добие под притисок на времето во последните 3 минути“, велат од Ка-дис.
Тие тврдат дека се жртви и чекаат соодветна реакција од институциите.
|