Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.09.2012, 10:11

Иванов во Брисел на средби со челниците на ЕУ и НАТО

Македонскиот претседател денеска и утре ќе се сретне со Расмусен, Ван Ромпуј, Филе и Шулц

Иванов, според програмата, денеска ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, со генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Андерс Фог Расмусен и со еврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе. Македонскиот претседател утре ќе има средба со претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

Средбата на Иванов со Расмусен ќе биде прва по Самитот во Чикаго, па истата, според неговиот кабинет - претставува уште една потврда дека Републ��ка Македонија останува цврсто определена и посветена на тоа да стане членка на НАТО. Разговорите се очекува да бидат фокусирани и на односите на Република Македонија со НАТО-алијансата, при што е најавено дека ќе бидат разменети мислења околу Самитот во Чикаго и случувањата во регионот на Југоисточна Европа.

Македонскиот претседател е придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, а централни теми на разговорите со претставниците на ЕУ ќе бидат македонските евроинтегративни процеси, можноста за нивно деблокирање, тековниот реформски процес во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво и очекувањата на Република Македонија во однос на октомврискиот извештај на Европската комисија.

Од канцеларијата на еврокомесарот Филе за МИА потврдиле дека на неговата средба со Иванов се очекува да биде допрена и темата околу кризата во владината коалиција во Македонија, при што првиот човек за проширување на ЕУ се очекува да ги искаже своите очекувања за мирно решавање на овој проблем. Од Иванов и Попоски, пак, се очекува да му ги пренесат своите ставови на Филе дека во октомврискиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во рамки на интеграцијата во ЕУ, очекуваат да се најде место за одредницата „македонски”, инаку и двајцата нема да го примат документот.


Статијата е прочитана 241 пати.

Испрати коментар



Четворица убиени во оружен напад во Франција
Бугарија најавува „црвена линија“ за Македонија
Австралиско-новозеландската епархија се дели на два дела
СДСМ - Трајановски го фалсификува Урбанистичкиот план
Ангелов му порача на премиерот да не глуми патриот
Исцртани опасни етнички линии во парламентот
Пешевски - Падна конкурентноста кај компаниите, а не кај Владата
Уште една шанса за загубарите
За Македонија се интересирале автомобилски компании
Ромпуј - Името ќе отвори многу врати
Јанкулоска - Не ги коментирам обинувањата за тендерот за полициски возила
Владата ќе им помага на компаниите да стигнат до европските фондови
Шулц - Македонија секогаш ќе ја има мојата поддршка
Стратегија за спречување на одливот на високообразовниот кадар
Олимпијадата не им донесе профит на британските трговци
Пијан возач усмрти пешак во Куманово
Мртва жена најдена во опожарена куќа
Руте - Ниту цент повеќе за Атина
Филе - ЕУ не бара од Србија да го признае Косово
Тригодишнина од бродска несреќа со „Илинден“
Јапонија ќе ги купи спорните острови
Европската комисија покрена истрага против „Газпром“
Во Собранието почнува расправата за законот за бранителите
Мишел Обама побара нова шанса за претседателот
Ка-дис со нови докази за тендерот за полициски возила
Владата ќе ги награди најдобрите амбасадори
Намален кредитниот рејтинг на ЕУ
Камбоџа ќе го депортира коосновачот на „Пајрат Беј“
Американец усмрти 70.000 кокошки во живинарска фарма
Во тешка сообраќајна несреќа во Мароко загинаа 42 лица
Филе стави точка на „македонски“
Повредени петмина тинејџери, со „пунто“ удриле во дрво
Инвестицискиот самит за посилна економија
Бесплатен железнички превоз за 8 септември
Шест компании заинтересирани за модернизација на патарините
Шулц - ЕУ сака Србија да го признае Косово
Иванов - И без решение на името можеме да станеме членка на НАТО
Субрата Рој го купи охридскиот хотел „Славија“
Во Србија 21 лице инфицирано од вирусот Западен Нил
Ал Зуби - Ќе и ги отсечам рацете на Турција ако се меша во Сирија
Во Македонија нема заболени од западно-нилска треска
Бугарија се откажува од влез во еврозоната
Кафеаните од денеска ќе работат еден час пократко
Пронајдени две обесени момчиња во Скопје и во Чегране
Груевски ги повика иселениците во Канада да инвестираат во Македонија
Финска - иднина без Нокиа



pile, 04.09.2012 10:47:09
Kako sto e poznato do 2009 godina odrednicata ,,makedonski ne bese problem za zastapenost vo dotogasnite Izvestai na EK. i nenadejno problem nastanuva bez da se analizira i istrazji za da ekspresno se nadmine, i sega uslovuvanje na prijatelite so pretpostavuvam euforija za uspeh za nesto sto e normalno, a pred se za pokritie na neuspehot na Vladata za postignuvanje na zabelezjitelni rezultati od VD so EU,na planot na borba protiv organiziraniot kriminal,mediumskata nezavisnost i slobodi,nemanje politicki progoni, i drugi demokratski vrednosti vo dvorot na obedineta Evropa.Vo uslovi na nemanje soodveten odgovor od oficijalni pretstavnici od Vladata na Republika Makedonija, najverojatno so obicni gragjani-smrtnici ne razgovaraat a dobro glumat otvoreno opstestvo,go zamoluvam G-dinot Anders Fog Rasmusen generalniot sekretar na NATO,dali licno vo intervju za Makedonski pecat ili preku sluzjbata na NATO, na Makedonskata javnost i objasni,pod koe ime R.Makedonija ima podneseno baranje za pr

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Таткото на модерниот индивидуализам
Светот годинава ја одбележува 300-годишнината од раѓањето на големиот Жан Жак Русо...
Темна визија за иднината на Европа
Францускиот филозоф Андре Глуксман смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. Во интервју за „Шпигел“...
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |