04.09.2012, 11:50 Бугарија се откажува од влез во еврозоната
Бугарија се откажува од плановите за воведување на еврото како одговор на растечката економска криза и неизвесноста околу иднината на Европската унија, изјави бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков за „Волстрит Џурнал“.
- Во овој момент не гледам никаква корист од влез во еврозоната туку само трошоци, изјави Ѓанков.
Најсиромашната членка на ЕУ последна е во низата држави во кои опаѓа ентузијазмот за влез во еврозоната што долго беше стратешка цел на сите влади во таа балканска држава. Бугарија е една од најмалку задолжените држави во ЕУ и се обидува да држи строга фискална дисциплина за да избегне ризици за својата валута. |