04.09.2012, 15:20 Насев прв добитник на наградата „8 Септември“ за животно дело
Носители на наградата за 2012, пак, се докторот Милош Вучидолов, Хајрун Синани (борење), Александра Неделковска (кикбокс) и Бошко Заборски (карате). Тие ќе добијат еднократен паричен износ од десет просечни плати
Долгогодишниот селектор на борачката репрезентација на Македонија, Насе Насев, е првиот добитник на наградата „8 Септември“ за животно дело. Одлуката ја донесе Одборот на чело со Зоран Радиќ, а кој го сочинуваат уште 12 члена, меѓу кои и поранешните успешни спортисти Пепи Манасков, Гордана Нацева, Ѓорѓе Војновиќ и Ленче Алексовска-Величкова. Паричниот износ на државната награда „8 Септември“ за животно дело е доживотна месечна исплата на една просечна плата исплатена во последните три месеци на тековната година.
Носители на наградата за 2012 година, пак, се докторот Милош Вучидолов, Хајрун Синани (борење), Александра Неделковска (кикбокс) и Бошко Заборски (карате). Тие ќе добијат еднократен паричен износ од десет просечни плати.
На овогодишниот прв избор за државната награда „8 Септември“ за категоријата животно дело беа пријавени девет кандидати, а за годишната награда 13. Наградите свечено ќе бидат доделени на празникот в сабота, во просториите на Владата.
|