05.09.2012, 22:55 (Обновено) Четирикратно убиство во француските алпи
Во близината на езерото Анеси до истоимениот град во француските алпи пронајдени се телата на четири лица и едно тешко рането девојче. Осум часови по даѓањето на експертите на жандармеријата пронајдено е друго преживеано дете во автомобилот на жртвите.
Според информациите кои ги даваат француските медиуми, тројца од жртвите биле британски туристи кои престојувале во еден паркинг во близината на Анеси, додека четвртата жртва е локален жител кој најверојатно во тој момент со својот велосипед поминувал на местото на престрелката.
Веднаш по доаѓaњето на жандармеријата во близината на автомобилот (БМВ) е пронајдено тешко рането осумгодишно девојче, кое е префрлено во болница. За потоа да биде „замрзнато“ местото на злосторството во очекување на експертите. Тоа и објаснува зошто четиригодишното девојче е најдено осум часови по откривањето на злосторството, скриено под телата на нејзината мајка и баба.
Во текот на ноќта девојчето кое зборува само англиски било евакуирано и заштитено. Во интерес на истрагата француските полициски и судски органи не даваат многу елементи, но веќе биле пронајдени петнаесетина чаури на местото на злосторството, кои се најверојатно од автомастки пиштол.
Британските медиуми објавуваат за неуспешен грабеж или пак за планирано убиство извршено од професионални убијци, кои не сакале да остават сведоци зад нив. |