06.09.2012, 22:15 Ален Зекиров веќе не го обезбедува Мијалков
Ален Зекиров повеќе не го обезбедува директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.Тој е отстранет од ова работно место, но останува вработен во МВР, иако се уште не се знае на кое работно место.
Ова денеска и официјално го потврдија одговорни лица од МВР. Неофицијално, причините за ова биле непрофесионалноста на Зекиров и дефокусирањето од основните работни задачи.
Ален Зекиров е осомничен дека предизвикал сообраќајна несреќа, во кое едно лице го загуби животот. Зекиров веќе подолго време не се појавува на суд, за да даде исказ за несреќата во која човек на велосипед загина на „Партизански одреди“ во Скопје.
|