Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.09.2012, 12:25
Владата воспоставува систем за финансиско разузнавање



Унапредување на перформансите и ефективноста на системот за борбата против криминалот и корупцијата и негово усовршување до високо ниво и по светски стандарди е целта на Проектот за воспоставување најмодерен и најсофистициран систем за финансиско разузнавање што со одлука на Влада наскоро ќе започне да се реализира во Македонија.

Како што соопшти на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, моделот на системот е преземен и се остварува во соработка со Владата на Норвешка, а за реализација на целиот проект по пат на кофинансирање обезбедени се 1,5 милион евра.

- Функцијата на системот ќе биде спречување на перење пари и финансирање на тероризам, но и борба против останатите видови на финансиски криминал кој ќе овозможи поефикасна анализа и обработка на податоците, а особено ќе придонесе за значително намалување на времето за анализа на случаите кои се предмет на оперативна работа. Ако порано за некоја обработка биле потребни неколку месеци, сега со овој систем за обработка ќе бидат потребни само неколку минути, истакна Ѓорѓиев.

Системот ќе биде управуван од Управата за финансиско разузнавање каде што ќе биде и организациски, кадровски и просторно воспоставен и воведен во работа. Веќе се определени лицата кои ќе работат на оваа проблематика, а системот ќе биде воведуван со поддршка на норвешката Единица за финансиско разузнавање при норвешкото МВР што, вели Ѓорѓиев, дава гаранција за квалитетот на проектот, неговата сигурност и превенција од злоупотреба.

Предвидено е воведување силен софтверски систем кој ќе обезбеди податоци за секое пријавено или осомничено лице, односно прибирање податоци, автоматска обработка, анализа на случаи и генерирање извештаи. Системот ќе располага со обемна и прецизна база на податоци релевантни за третирање на овој вид криминал, а ќе располага и со модул за визуелна анализа на податоците. Со системот ќе се обезбеди, додаде Ѓорѓиев, и поефикасно координирање на активностите на органите надлежни за борба против криминалот: МВР, Јавно обвинителство, Управата за финансиско разузнавања, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Управата за јавни приходи кои ќе бидат специјално поврзани за комуникација со цел за размена на податоци и информации заради поефикасно справување со финансискиот криминал. Посебен аспект ќе биде и модулот за генерирање финални разузнавачки извештаи од сферата на финансиското разузнавање кои ќе се проследуваат до надлежните органи за борба против криминалот.

- Ова значи воведување комплетен систем во сите фази и скалила од процесот на можно противправно однесување и систем за ефикасна борба против криминалот. Вака поставениот систем ќе ја сведе на минимум можноста за перење пари и финансирање тероризам, односно до степен на исчезнување, рече Ѓорѓиев.

Се планира и воведување интерактивна веб-апликација преку која банките, адвокатите, штедилниците, извршителите, нотарите и другите субјекти согласно Законот ќе можат да доставуваат податоци, како и да бараат проверка на осомничени и потенцијално опасни лица кои сакаат да вршат финансиски криминал. Во рамки на системот ќе биде вграден и модул за автоматско генерирање и испраќање податоци, односно барања за дополнителни податоци до банките.





Статијата е прочитана 526 пати.

Испрати коментар



Државниот врв на прием кај Вељаноски по повод Денот на независноста
Георгиевски и официјално на чело на Народна
Повреден полицаец при нападнат на конвој на ЕУ во Косово
Куќен притвор за 27 обвинети во „Калдрма“
Преполовена претплата за ОНЕ мобилните корисници
Ердоган - Израелски напад врз Иран ќе предизвика апокалипса
Иванов првпат слуша за иницијатива за споменик на Талев во Прилеп
Нови 700 паркинг места во две подземни паркиралишта
Тинејџер повреден во тепачка во Гостивар
Енерегетско поврзување меѓу Македонија и Косово
Израелски велосипедист тешко повреден на Бистра
(ФОТО) Принц Хари во Авганистан ќе пилотира со „Апачи“
Македонски компании на саем за автомобилска индустрија во Германија
За Денот на независноста македонското знаме подигнато во Торонто
Во ЕУ само со решени билатерални спорови
Бесплатен автобуски превоз до Скопје со билет за прославата
По Мали, и Нигерија демантира дека го признала Косово
Плевнелиев смета дека Македонија ја краде бугарската историја
Одложено судењето за двојното убиство во Гостивар
Обама - Американците исправени пред историски крстопат
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Расмусен - НАТО нема да се меша во Сирија
Прв случај на западнонилска треска во Хрватска
Почна генералниот штрајк во „Луфтханза“
Честитка од САД за Денот на независноста на Македонија
Обама ја прифати номинацијата на демократите
Ален Зекиров веќе не го обезбедува Мијалков
Тодоров не попушта, лекарите ќе одат на штрајк
Шеесет луѓе, од кои 31 дете загинаа во бродската несреќа кај Измир
Епидемија на црвени линии околу Македонија
(ФОТО) Рено му подари два електрични автомобили на Папата
ДУИ го блокира Собранието и бара помош од Иванов
За американските бизнисмени Македонија непозната дестинација
Косово и Албанија ќе се обединуваат со те��ефонскиот код +355
За 55 возила, 5 отсто од „Аутомотив груп“
За 2,5 години 720 жртви во сообраќајот под 7 годишна возраст
Британската министерка за внатрешни работи исвиркана на Параолимпијадата
Двајца кумановци избодени со нож во тепачка
Падна размената меѓу Македонија и Турција
„Мекдоналдс“ - Македонија го прославува 15. роденден
„Луфтханза“ утре во генерален штрајк
Наскоро тендер за „Џумајлија“, заинтересирани 30 компании
Не е побарана асистенција од полицијата за имињата на училиштата во Чаир
Д-р Марјан Бојаџиев избран за најдобар професор во Европа и во Азија
Додик - Србија да го бара северно Косово и да го признае останатиот дел
Арапската лига го повика сирискиот режим да прекине со насилствата
Најмалку 20 луѓе загинаа при потонување на брод во Егејско Море
Обама и официјално кандидат на демократите
Бизнис можностите на Македонија презентирани во Атланта
„Маратонско“ обраќање на Бил Клинтон за успесите на Обама
При експлозија во складиште за муниција загинаа 25 турски војници
(Обновено) Четворица убиени во оружен напад во Франција
Бугарија најавува „црвена линија“ за Македонија
Австралиско-новозеландската епархија се дели на два дела
СДСМ - Трајановски го фалсификува Урбанистичкиот план
Ангелов му порача на премиерот да не глуми патриот
Исцртани опасни етнички линии во парламентот
Пешевски - Падна конкурентноста кај компаниите, а не кај Владата
Уште една шанса за загубарите
За Македонија се интересирале автомобилски компании
Ромпуј - Името ќе отвори многу врати
Јанкулоска - Не ги коментирам обинувањата за тендерот за полициски возила
Владата ќе им помага на компаниите да стигнат до европските фондови
Шулц - Македонија секогаш ќе ја има мојата поддршка
Стратегија за спречување на одливот на високообразовниот кадар
Олимпијадата не им донесе профит на британските трговци
Пијан возач усмрти пешак во Куманово
Мртва жена најдена во опожарена куќа
Руте - Ниту цент повеќе за Атина
Филе - ЕУ не бара од Србија да го признае Косово
Тригодишнина од бродска несреќа со „Илинден“
Јапонија ќе ги купи спорните острови
Европската комисија покрена истрага против „Газпром“
Во Собранието почнува расправата за законот за бранителите
Мишел Обама побара нова шанса за претседателот
Ка-дис со нови докази за тендерот за полициски возила
Владата ќе ги награди најдобрите амбасадори
Намален кредитниот рејтинг на ЕУ
Камбоџа ќе го депортира коосновачот на „Пајрат Беј“
Американец усмрти 70.000 кокошки во живинарска фарма
Во тешка сообраќајна несреќа во Мароко загинаа 42 лица
Филе стави точка на „македонски“
Повредени петмина тинејџери, со „пунто“ удриле во дрво
Инвестицискиот самит за посилна економија
Бесплатен железнички превоз за 8 септември
Шест компании заинтересирани за модернизација на патарините
Шулц - ЕУ сака Србија да го признае Косово



Трпе, 06.09.2012 14:14:29
Дали ова ЌЕ важи и за власта и нивните послушници?Сигурно тие нема да се удрат со сопствен по својата глава.ЌЕ треба да почекаме да важи и за нив.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Станицата што чини стотици милијарди долари двајца астронаути ја спасиja со помаш на четка за заби од три долари...
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...
Мурси го враќа Египет на главната сцена
Мохамед Мурси презема стабилни чекори во новата надворешна политика. Многумина се изненадени...
Интелигенцијата веќе не постои во Европа
Интервју, филозоф Андре Глуксман (3) Францускиот филозоф смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. В...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |