06.09.2012, 18:08 Николиќ го засили МЗТ
МЗТ Скопје го реши проблемот под обрачите, потпишувајќи договор со 25-годишниот Урош Николиќ, висок 207 см. Српскиот центар доаѓа од редовите на Црвена звезда, а откако ги мина лекарските прегледи веднаш му се приклучи на освојувач на двојната круна во Македонија. Покрај Црвена звезда, каде што младиот кошаркар не добиваше голема минутажа, тој беше дел и од екипите на Хемофарм, на Мега Хипо Лизинг и на Крка.
Според најавите, Николиќ најверојатно ќе биде последното засилување за МЗТ Скопје, кој денеска патува за Белград на пријателски мечеви со Раднички и со Партизан. (М.К.) |