Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
07.09.2012, 13:02

Со „Животот на Молиер“ почнува „Ристо Шишков“



Вечерва во Струмица стартува 20. јубилејно издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Сузана Тасева

Јубилејното, дваесетто издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ ќе стартува вечерва во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Свеченото отворање ќе почне со поставување биста со ликот на бардот на македонското глумиште, Ристо Шишков, на платотото пред Центарот за култура каде што во изминатите дваесет години за единствената награда за високи актерски остварувања се натпреваруваа многубројни актери од домашната и странската театарска сцена.

Први на фестивалската сцена ќе настапат актерите од Македонскиот народен театар со претставата „Животот на Молиер“, во режија на Александар Поповски. Во шесте фестивалски дена ќе бидат изведени вкупно 15 претстави од домашната и странската театарска продукција во официјалната конкуренција.

Се' е подготвено за старт на годинашното јубилејно издание на фестивалот. Дваесет години за еден ваков фестивал не се малку и правиме се' фестивалот годинава да го има најдоброто и најсветлото издание досега. Затоа се потрудивме да имаме поголем број претстави. Вкупно 15 претстави ќе бидат изведени пред љубителите на театарот, а околу 70 актери ќе се натпреваруваат за единствената награда за високи актерски достигнувања“, вели Ване Ристов, директор на ФКТ „Ристо Шишков“.

Годинава на театарската сцена ќе видиме претстави од театрите во Македонија, но и од Словенија, Србија, Бугарија, Косово, Литванија, Англија и Грција. За добитникот на наградата ќе одлучува меѓународна жири-комисија, во која оваа година има членови од Германија, Албанија, Бугарија и Македонија, а претседател е минатогодишниот добитник на наградата, актерот Борис Чоревски.

„И годинава ќе ги имаме тркалезните маси, иако тие веќе ги нема на фестивалите, но ние сметаме дека тие се одлична можност да се разговара за театрите и актерите“, вели Ристов. Фестивалот и годинава е збогатен со повеќе придружни програми, меѓу кои промоциите на книгата „Актерот“ од Братислав Ташковски, посветена на големиот актер Ристо Шишков, како и на најновата книга „Избрани драми“ од Сашко Насев.

Фестивалот ќе заврши на 13 септември со доделувањето на наградата за најдобар актер, а која традиционално и годинава се состои од златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и паричен износ од 1.500 евра.


Статијата е прочитана 189 пати.

Испрати коментар



„Блех фестив��л“ на Градска плажа
Стрип-изложба на Сотировски на „Манаки“
Македонската филхармонија со концерт во Битола
Изградена највисоката лего-кула на светот
Џејми Оливер – втор најпродаван автор во историјата
Рајан Рејнолдс тајно се венчал со Блејк Лајвли
Пенелопе Круз загрижена за економската ситуација во Шпанија
Изложбата на цртежи „Поврзувања“ отворена и во Софија
Филмската икона Кетрин Денев доаѓа во Битола
Почна дваесеттиот Фестивал „Ристо Шишков“
„Златен лав“ за волшебникот Ким Кидук
(ИНТЕРВЈУ) Денес е се' толку бучно
Фред Келеман ќе го предводи жирито во Битола
Анџелина Џоли на суд поради филмот „Во земјата на крв и мед“
Една година Музеј на македонска борба
Швеѓаните помалку пушат, но се дебелеат
Кумановски театар со претстава по текст на Горан Стефановски
Денови на македонската култура во Марибор и Киев
Ирански атлетичар избегнал ракување со принцезата
Марија Светиева со графики во Берлин
„Ш ш ш“ - симболичен наслов за почеток на Македонската филхармонија
Новиот ајфон ќе биде претставен на 12 септември
(ФОТО) Два пати повеќе страници за иста цена со новите печатачи на HP
(ФОТО) „Недела на дизајнот“ отвора нови уметнички хоризонти
Уметниците и годинава ќе творат на Осогово
Промоција на „Кинеење“ од Тони Цифровски
Европски ден на еврејската култура
Се ожени ексминистерот за здравство Бујар Османи
Почина актерот Мајкл Кларк Данкан
Почина првенката на скопската опера Ана Липша-Тофовиќ
„Прес ту егзит“ во влијателна публикација објавена во Њујорк
Награди за Македонија на Светскиот фестивал на непрофесионален филм
Дизајнерски новитети на „Недела на дизајнот“ во Скопје
„Приказната за изгубениот рај“ на Марина Лешкова во МСУ
Голем концерт на „Филип Втори“ по повод 8. Септември
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C

Четврток
Претежно облачно
Макс: 31°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Боб Дилан не застанува, денеска излегува нов албум
„Темпест“ содржи десет прекрасни композиции кои го враќаат култниот Дилан во младоста...
Талибанците на Фејсбук се претставуваат како убави девојки
Војниците од коалициските сили во Авганистан биле предупредени да бидат многу претпазливи кога „сурфаат“ по социјалните ...
Северна Кореја ја подотвора вратата за реформи
Земјоделците можат да го продаваат вишокот од своите култури на приватниот пазар...
Древната поделба во исламот ги распламтува конфликтите на Блискиот Исток
Се започна со повикот за слобода на Блискиот Исток, но арапските востанија се повеќе стануваат карактеристични по праста...
Витаминот Б3 и „супербактеријата“
Нова студија сугерира дека витаминот Б3 може да помогне во борбата против најсмртоносната бактерија во светот, позната и...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |