10.09.2012, 13:52 Пенелопе Круз загрижена за економската ситуација во Шпанија
Оскаровката изјавила дека е длабоко загрижена од финансиската криза која ја потресува нејзината татковина и соодветно последиците врз филмската индустрија
Оскаровката Пенелопе Круз изјавила дека е длабоко загрижена од финансиската криза која ја потресува Шпанија и нејзините последици врз филмската индустрија на нејзината татковина.
Холивудската ѕвезда рекла дека би сакала да ги охрабри филмаџиите да снимаат во Шпанија и додала дека, веројатно, ќе го искористи својот статус за да промовира копродукции во земјата.
Во соопштението што го објавила, Круз навела дека неодамна објавената изјава во еден магазин во кој наведува дека „ќе продуцира неколку филмови годишно во Шпанија за да им обезбеди работа на стотина луѓе“ е погрешна интерпретација на нејзините зборови.
Круз соопштила дека таа нејзина изјава имала „арогантен тон“ и дека немала „никаква врска“ со она што сакала да го каже. |