Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
04.09.2012, 14:00

Почина првенката на скопската опера Ана Липша-Тофовиќ

Оперската дама Ана Липша-Тофовиќ (1926-2012) ќе остане запаметена по првиот концерт со кој започна „Охридско лето

Долгогодишната првенка на Скопската опера, Ана Липша-Тофовиќ, почина синоќа во Скопје на 86-годишна возраст. Оваа оперска певица ќе остане забележана во историјата на македонската музика не само поради нејзините многубројни улоги и прекрасниот глас, туку можеби најмногу како првата учесничка на фестивалот „Охридско лето“. Ана Липша-Тофовиќ влезе во историјата во далечната 1961 година на 4 август со концертот што го одржа во црквата „Света Софија“, со што беше означено раѓањето на најголемата културна манифестација во земјава.

Големата дама на Македонската опера и класичната музика објави прекрасна колекција на своите најдобри снимки, под наслов „Концерт-песни и арии“, што ќе остане како трајна вредност, но и како едукација за идните генерации пејачи.

Ана Липша-Тофовиќ е родена во Хрватска, а своето образование го стекнала кај најистакнатите хрватски вокални педагози. Таа беше ѕвезда на македонската класична музика со години, ќе кажат долгогодишните проследувачи на македонскиот концертен живот. Од 1948 до 1980 година ќе го води репертоарот на Операта на Македонскиот народен театар, со улоги во 35 опери со илјада настапи. Ќе стане популарна толкувајќи улоги во оперите „Аида“ и „Дон Карлос“ од Верди, „Севилскиот бербер“ од Росини, „Самсон и Далила“ од Камиј Сен-Санс, „Кармен“ од Жорж Бизе... Она што уште повеќе импресионира е придонесот на Липша-Тофовиќ преку нејзините настапи да ги популаризира и оние врвни, но помалку познати дела како што се „Орфеј“ од Глук, „Медиум“ од Меноти или „Хебрејски песни“ од Равел и „Сонетите на Микеланџело“ од Бритн. Заедно со нејзините успеси во Македонија, многубројни се и нејзините настапи во странство, во оперските куќи во Барселона, Лион, Манхајм, Стразбур, Прага, Букурешт, Софија, Тбилиси, Одеса, како и на концертните подиуми во Грција, Бугарија , Кина, СССР и Германија.

Ана Липша-Тофовиќ негуваше исклучително широк репертоар. Со нејзиниот контра-алт и мецосопран глас пееше се', од класичен репертоар до делата на 20 век, вклучувајќи ги често и творбите на македонските композитори. Многубројни се и од капитално значење нејзините снимки реализирани за Македонската радио-телевизија.

Македонската исклучителна уметница ги доби највисоките државни награди - „11 Октомври“ за улогата во операта „Орфеј“ од Глук, како и „11 Октомври“ за животно дело, но и многу други награди, меѓу кои и на меѓународни натпревари во Женева и Тулуз.

Погребот на Ана Липша-Тофовиќ ќе биде извршен утре во кругот на семејството.(Т.И.)


Статијата е прочитана 1295 пати.

Испрати коментар



Новиот ајфон ќе биде претставен на 12 септември
(ФОТО) Два пати повеќе страници за иста цена со новите печатачи на HP
(ФОТО) „Недела на дизајнот“ отвора нови уметнички хоризонти
Уметниците и годинава ќе творат на Осогово
Промоција на „Кинеење“ од Тони Цифровски
Европски ден на еврејската култура
Се ожени ексминистерот за здравство Бујар Османи
Почина актерот Мајкл Кларк Данкан
„Прес ту егзит“ во влијателна публикација објавена во Њујорк
Награди за Македонија на Светскиот фестивал на непрофесионален филм
Дизајнерски новитети на „Недела на дизајнот“ во Скопје
„Приказната за изгубениот рај“ на Марина Лешкова во МСУ
Голем концерт на „Филип Втори“ по повод 8. Септември
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Таткото на модерниот индивидуализам
Светот годинава ја одбележува 300-годишнината од раѓањето на големиот Жан Жак Русо...
Темна визија за иднината на Европа
Францускиот филозоф Андре Глуксман смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. Во интервју за „Шпигел“...
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучу��аат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |