Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
04.09.2012, 11:50

Дизајнерски новитети на „Недела на дизајнот“ во Скопје



Вечерва во Куршумли-ан во 20,30 часот се отвора манифестацијата „Недела на дизајнот“, која ќе претстави богата програма

Тина Иванова

Деловниот и креативниот сектор во земјава и регионот, преку својот дизајн, ќе бидат обединети на манифестацијата „Неделата на дизајнот“, која се отвора вечерва во Куршумли-ан во 20,30 часот, а ќе трае до 10 септември. Посетителите на ова второ и уникатно издание на манифестацијата секој ден од 10 часот ќе имаат можност да погледнат многубројни разновидни дизајнерски решенија, да присуствуваат на богата програма, како што велат организаторите, побогата од минатата година, која ќе покаже што се' е дизајн во денешно време.

„Поентата на оваа манифестација е да покаже колку дизајнот го облагородува нашиот живот“, вели Јасна Шоптрајанова-Вртева, менаџерка за комуникации. „Дизајнерите кои учествуваа минатата година беа воодушевени од просторот во Куршумли-ан, па затоа и овој пат изложбите таму ќе се случуваат. Приземјето на просторот ќе понуди комерцијални изложби на фирми кои постигнуваат успех во својот дизајн, додека на првиот кат ќе има широко претставување дизајни од земјава и од регионот, гостински изложби, меѓу кои и патувачки изложби. Годинава е пообемен бројот на излагачи.“

Деновите на „Недела на дизајнот“ се тематски поделени. Меѓу нив е содржан и бизнис-секторот кој, како што вели Шоптрајанова-Вртева, не постои изолиран од општеството, потоа дизајнерски решенија кои „зборуваат“ за влијанието на културата и уметноста врз општествените текови, презентации на тема графички дизајн итн. И во комерцијалниот, но и во делот на гостински излагачи ќе изложуваат млади фирми и, се разбира, брендови што се лидери во својата област. Оставен е простор и за младите дизајнери, како и за студентите од универзитетите кои се занимаваат со дизајн.

Земја во фокусот на манифестацијата на годинашното издание е Финска, во годината кога Хелсинки е прогласен за Град на дизајнот, од каде што во Скопје ќе гостуваат осум дизајнери. На манифестацијата ќе гостуваат и петмина британски дизајнери, но и дизајнери од Полска, Чешка... „Недела на дизајнот“ ќе биде збогатена и со кулинарска сцена, со дизајнерски специјалитети, како и со музичка програма. На вечерашното отворање ќе настапи гитаристот Георги Шарески со својот квартет.

„Годинава напорно работевме за да можеме да ги опфатиме сите компоненти кои се врзани со дизајнот“, вели Лазе Трипков, програмски менаџер. „Оваа манифестација веќе постави стандарди во областа на дизајнот. Голем дел од компаниите, всушност, се ставени во функција на промовирање на сопствениот дизајн. Ќе се трудиме Скопје да прерасне во центар каде што ќе може да соработуваат младите дизајнери од регионот.“

Посетителите ќе имаат можност и за неформални средби со дизајнерите, а во рамките на манифестацијата ќе се одвиваат и голем број работилници, презентации и дебати. Во фокусот е предавањето за историјата на македонскиот дизајн за кој, како што велат организаторите, странските дизајнери зборуваат мошне позитивно.



 


Статијата е прочитана 747 пати.

Испрати коментар



Новиот ајфон ќе биде претставен на 12 септември
(ФОТО) Два пати повеќе страници за иста цена со новите печатачи на HP
(ФОТО) „Недела на дизајнот“ отвора нови уметнички хоризонти
Уметниците и годинава ќе творат на Осогово
Промоција на „Кинеење“ од Тони Цифровски
Европски ден на еврејската култура
Се ожени ексминистерот за здравство Бујар Османи
Почина актерот Мајкл Кларк Данкан
Почина првенката на скопската опера Ана Липша-Тофовиќ
„Прес ту егзит“ во влијателна публикација објавена во Њујорк
Награди за Македонија на Светскиот фестивал на непрофесионален филм
„Приказната за изгубениот рај“ на Марина Лешкова во МСУ
Голем концерт на „Филип Втори“ по повод 8. Септември
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Таткото на модерниот индивидуализам
Светот годинава ја одбележува 300-годишнината од раѓањето на големиот Жан Жак Русо...
Темна визија за иднината на Европа
Францускиот филозоф Андре Глуксман смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. Во интервју за „Шпигел“...
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |