04.09.2012, 14:50 Почина актерот Мајкл Кларк Данкан
Актерот номиниран за „Оскар“ за улогата во филмот „Зелената милја“, почина синоќа откако му откажа срцето на 54 години
Мајкл Кларк Данкан, актерот номиниран за „Оскар“ за улогата во филмот „Зелената милја“, почина синоќа во 54. година од животот, во болница во Лос Анџелес. Актерот, кој за улогата на Џон Кофи беше на чекор до „Оскарот“, завршил во болница пред седум седмици, кога доживеал инфаркт.
Тогаш животот му го спасила девојката Омароса Маниго-Сталворт (38), давајќи му вештачко дишење и масажа на срцето. Освен во „Зелената милја“, Данкан глумел и во „Армагедон“, како и во сериите: „Коски“, „Два и пол мажи“, а својот глас го позајмил во анимираната серија „Семеен тип“. |