Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
05.09.2012, 09:33

Европската комисија покрена истрага против „Газпром“

Европската комисија соопшти дека покренала официјална процедура со цел истрага дали рускиот производител и снабдувач со природен гас „Газпром“, ја злоупотребил доминантната позиција на пазарот на гас во централна и источна Европа.

Во „Газпром“ само кусо ја прокоментираа најавата на ЕК: „Нека вршат истрага“.

Европската комисија сака да истражи дали „Газпром“ ограничува слободен проток на гас меѓу државите членки на ЕУ, спречува диверсификација со снабдувањето и има неоправдано високи цени „врзувајќи“ ја цената на гасот за цената на горивата.

- Покренувањето на таа процедура не прејудицира исход од истрагата, тоа само значи дека ЕК тоа прашање ќе го третира како приоритетно, се вели во соопштение на ЕК.

Комисијата е загрижена дека „Газпром“ „можеби злоупотребува своја доминантна позиција на пазарот на гас во држави од централна и источна Европа“ и со тоа го криши членот 102 од Договорот за функционирање на ЕУ.

ЕК го извести „Газпром“ за својата истрага за чие завршување не постои со закон предвиден рок.

Неименуван претставник на ЕК, изјави за руски медиуми дека Комисијата нема намера да почнува трговска војна со Русија поради условите за испорака на гас.

Ако „Газпром“ биде прогласен за виновен, следува казна чија висина ќе биде во проценти од годишните приходи на компанијата и може да достигне стотици милиони евра. Уделот на „Газпром“ во европскиот извоз на гас е 25 отсто, а многу држави во целост се потпираат на увоз преку „Газпром“.


Статијата е прочитана 343 пати.

Испрати коментар



Прв случај на западнонилска треска во Хрватска
Почна генералниот штрајк во „Луфтханза“
Честитка од САД за Денот на независноста на Македонија
Обама ја прифати номинацијата на демократите
Ален Зекиров веќе не го обезбедува Мијалков
Тодоров не попушта, лекарите ќе одат на штрајк
Шеесет луѓе, од кои 31 дете загинаа во бродската несреќа кај Измир
Епидемија на црвени линии околу Македонија
(ФОТО) Рено му подари два електрични автомобили на Папата
ДУИ го блокира Собранието и бара помош од Иванов
За американските бизнисмени Македонија непозната дестинација
Косово и Албанија ќе се обединуваат со телефонскиот код +355
За 55 возила, 5 отсто од „Аутомотив груп“
За 2,5 години 720 жртви во сообраќајот под 7 годишна возраст
Британската министерка за внатрешни работи исвиркана на Параолимпијадата
Двајца кумановци избодени со нож во тепачка
Падна размената меѓу Македонија и Турција
„Мекдоналдс“ - Македонија го прославува 15. роденден
„Луфтханза“ утре во генерален штрајк
Наскоро тендер за „Џумајлија“, заинтересирани 30 компании
Не е побарана асистенција од полицијата за имињата на училиштата во Чаир
Д-р Марјан Бојаџиев избран за најдобар професор во Европа и во Азија
Додик - Србија да го бара северно Косово и да го признае останатиот дел
Владата воспоставува систем за финансиско разузнавање
Арапската лига го повика сирискиот режим да прекине со насилствата
Најмалку 20 луѓе загинаа при потонување на брод во Егејско Море
Обама и официјално кандидат на демократите
Бизнис можностите на Македонија презентирани во Атланта
„Маратонско“ обраќање на Бил Клинтон за успесите на Обама
При експлозија во складиште за муниција загинаа 25 турски војници
(Обновено) Четворица убиени во оружен напад во Франција
Бугарија најавува „црвена линија“ за Македонија
Австралиско-новозеландската епархија се дели на два дела
СДСМ - Трајановски го фалсификува Урбанистичкиот план
Ангелов му порача на премиерот да не глуми патриот
Исцртани опасни етнички линии во парламентот
Пешевски - Падна конкурентноста кај компаниите, а не кај Владата
Уште една шанса за загубарите
За Македонија се интересирале автомобилски компании
Ромпуј - Името ќе отвори многу врати
Јанкулоска - Не ги коментирам обинувањата за тендерот за полициски возила
Владата ќе им помага на компаниите да стигнат до европските фондови
Шулц - Македонија секогаш ќе ја има мојата поддршка
Стратегија за спречување на одливот на високообразовниот кадар
Олимпијадата не им донесе профит на британските ��рговци
Пијан возач усмрти пешак во Куманово
Мртва жена најдена во опожарена куќа
Руте - Ниту цент повеќе за Атина
Филе - ЕУ не бара од Србија да го признае Косово
Тригодишнина од бродска несреќа со „Илинден“
Јапонија ќе ги купи спорните острови
Во Собранието почнува расправата за законот за бранителите
Мишел Обама побара нова шанса за претседателот
Ка-дис со нови докази за тендерот за полициски возила
Владата ќе ги награди најдобрите амбасадори
Намален кредитниот рејтинг на ЕУ
Камбоџа ќе го депортира коосновачот на „Пајрат Беј“
Американец усмрти 70.000 кокошки во живинарска фарма
Во тешка сообраќајна несреќа во Мароко загинаа 42 лица
Филе стави точка на „македонски“
Повредени петмина тинејџери, со „пунто“ удриле во дрво
Инвестицискиот самит за посилна економија
Бесплатен железнички превоз за 8 септември
Шест компании заинтересирани за модернизација на патарините
Шулц - ЕУ сака Србија да го признае Косово



Mark, 05.09.2012 11:08:46
Gasprom ja maltretira i Makedonija(so vladata zaedno)! Ni prodava NAJSKAP gas vo Evropa i ja blokira rabotata na centralata TE-TO! Od ovaa mafijaska kombinacija se razbira strada narodot, se uvezuva preskapa struja i se sprecuva parnoto da poevtini!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Претежно облачно

Петок
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C

Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...
Мурси го враќа Египет на главната сцена
Мохамед Мурси презема стабилни чекори во новата надворешна политика. Многумина се изненадени...
Интелигенцијата веќе не постои во Европа
Интервју, филозоф Андре Глуксман (3) Францускиот филозоф смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. В...
Во Лондон се подготвува ретроспективна изложба на предмети на Дејвид Боуви
Комбинезонот на Зиги Стардаст и рачно напишани текстови се меѓу стотици предмети од сувенирите на британскиот музичар...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |