06.09.2012, 13:52 Ирански атлетичар избегнал ракување со принцезата
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, му ставила сребрен медал околу вратот на иранскиот параолимпиец, но тој не сакал да се ракува со неа само затоа што е жена
Атлетичарот Мехрдад Карам Задех, 40-годишниот параолимпиец од Иран, не сакал да и' ја подаде раката на британската принцеза зашто во неговата земја е забрането ракување на маж и жена, кои не се во роднинска врска. Затоа, тој само се наведнал и ги ставил рацете зад грбот, додека Кејт му го ставала медалот околу вратот, а потоа рацете ги ставил на градите и и' се поклонил на принцезата.
Кејт Мидлтон, наводно, била предупредена дека Иранецот ќе се однесува така, па ни таа не му ја подала раката, ниту реагирала изненадено на неговото однесување.
|