| 07.09.2012, 15:44Преполовена претплата за ОНЕ мобилните корисници 
 Телекомуникацискиот оператор Оне на своите постпејд-корисници во мобилната телефонија од денеска па до 31 октомври им нуди нова месечна претплата за 24 месеци. Сите нови корисници, но и постоечките кои во промотивниот период ќе го обноват својот договор добиваат преполовена месечна претплата за времетраење на двегодишниот договор.
 
 „Во следните две години, корисникот на тарифниот модел ТОТАЛ С наместо месечната претплата од 279 денари ќе плаќа само 139,5 денари. Секој ТОТАЛ Промо корисник ги задржува бесплатните минути во мрежата на Оне исти како и во редовната понуда на ТОТАЛ тарифните модели“, вели генералниот извршен директор на Оне, Цирил Кафол. (Ек.Р.)
 
 |