07.09.2012, 16:04 Куќен притвор за 27 обвинети во „Калдрма“
Дури 27 лица од големата група од 86 обвинети во случајот наречен „Калдрма“ од денеска наместо во притвор заминаа во куќен притвор.
Претходно на судењето на некои од сведоците вработени во „Македонија пат“, им беа упатувани пцости и закани, но и вербални обвинувања за нивна кооперативност со Обвинителот, а еден од обвинетите по налог на судот беше отстранет од судницата.
Вчерашното судење е продолжение од процесот кој се води за вработените на патарините долж Коридорот 10 , а кои беа обвинети дека со начинот на кој што работеле го оштетиле „Македонија пат“ за милионски износи. Веќе на наредното рочиште, кое што е закажано за следната недела, е предвидено доаѓање на претставници на државната агенција, како и разгледување на вештиот наод изработен на 700 страници. (Љ.С.)
|