05.09.2012, 13:21 Стратегија за спречување на одливот на високообразовниот кадар
Министерството за образование и наука ќе почне со изработка на национална стратегија со која на систематски начин и со конкретни мерки ќе се пристапи кон решавање на емиграцијата на високообразовниот и стручен кадар од Македонија.
Ова денеска го најави ресорниот министер Панче Кралев кој заедно со директорот на канцеларијата за образование на Агенцијата на САД за меѓународен развој-УСАИД, Лиана Мар, одржаа прес-конференција за почнувањето на проектот „Stop Brain Drain“.
Целта, како што рече Кралев, е минимизирање на последиците кои настануваат од појавата на „одлив на мозоци“ и обезбедување систем кој ќе воспостави позитивни мерки што ќе ги поттикнат високообразованите млади луѓе да се вратат или да останат да работат во Македонија.
- Проектот е дел од програмата за работа на Владата и МОН кој третира популарна, но комплексна глобално-општествена појава со која се соочуваат земјите во развој. Станува збор за емиграцијата на високообразовниот и стручен кадар од Македонија кој негативно се рефлектира врз развојот на економијата и целокупното општество, истакна Кралев.
Националната стратегија, информираше министерот, е веќе изработена и се очекува да биде финализирана на почетокот на следната година.Според него, тешко е да се каже конкретната бројка на одлив на кадар од земјата, бидејќи бројката често мигрира.
- Самата емиграција на кадарот е прашање кое треба да се третира од повеќе институции. Има луѓе кои заминуваат, но има и такви кои се враќаат во Македонија. Наша цел е сите групи кои на некој начин се дел од оваа појава да бидат третирани со стратегијата која ќе биде многу важна алатка за надминување на појавата, подвлече Кралев.
Директорката Мар потенцираше дека одливот на човечки капитал е вистински предизвик за многу земји, а и Македонија во тој поглед не исклучок.
- Многу образовани и вешти професионалци од Македонија бараат начин да работат и живеат надвор. Многу студенти ги завршуваат студиите надвор од земјата и остануваат во странство за да ги продолжат нивните кариери, а секој од овие поединци е губиток на човечки капитал за земјата, рече Мар.
Таа нагласи дека мрежата „Yes“ на УСАИД е добро подготвена да му помогне на Министерството за образование и наука да го сопре одливот на човечки капитал.
|
|
Статијата е прочитана 733 пати.
|
Испрати коментар
|
|
mile, 05.09.2012 13:56:46 | Која стратегија бре дете...... па тие веќе си отидоа, нема враќање назад во мизеријава...... |
| kire, 05.09.2012 16:04:47 | 10 години чекаш решение за наставник, а сега наставник со 2 години ти го презема местот. |
| od EU, 05.09.2012 16:49:32 | Znam i takvi od dijasporata koi po zavrsheni visoki studii se vratija vo Makedonija so ljubov i zelba da ostanat. Popusto, izgubija nekolku godini bez da dobijat rabota koja ne im bila mozna bez famoznata*kniska*. Nisto drugo ne im ostana, da si gi sobraa partalite i razocarani, da se vratija od kade dojsle so edna gorcina vo dushata, cuvstvuvajki se prevareni...! Prevareni od roditalite koi ja neguvale ljubovta kon nivnata stara tatkovin, prevareni od lugjeto koi ne se poveke taklvi kako sto bile prikazani od spomenite na nivnite oditeli.....Prevareni od *ureduvanjeto* vo zamislnata za nim tatkovina Makedonija,od sonistata na nivnite rodtel i svoite.... |
| mene, 05.09.2012 21:13:24 | Ne vi trebaat vam dragi moi umni i uceni glavi, ami partiski poslusnici koi nemaat problem so poklonuvanje, vitkanje na kicmata i gromoglasno aplaudiranje. Po uzasnata dvacija na akademskoto obrazovanie vo drzavata, takvi gi ima mnogu, ke najdete ... Aktivno ucestvuvav do skoro vo oformuvanjeto na novite kadri vo drzavata, no resiv da zaminam. Nitu mozev, nitu sakav da ucestvuvavam poveke vo makedonskiot kriminal koj se narekuva visoko obrazovanie. I sega rabotam vo visokoobrazovna institucija, daleku od doma. No ovde e se poinaku. Kolegite i opstestvoto ovde me pocituvaat poradi mojata rabota i intelekt. Zalam sto ovie vrednosti ne gi prepoznaa i moite lugje, lugjeto vo mojata zemja! |
| Игор, 06.09.2012 00:56:52 | Вие во ВМРО немате кадар со високо образование,сите ваши симпатизери се со ниско или никакво образование,а ако не си ВМРО нема вработување,ако немаш книшка,ако немаш вујко,чичко на висока функција никад нема да се вработиш.Администрацијата и сите други државни установи вработени се само ВМРОВЦИ.Па и во овие новите фабрики кои се во најава уште одма почнале да се прават списоци за партиски вработувања.Срамота... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 23°C
Делумно облачно
|
Петок
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
|