05.09.2012, 16:50 Дел Пјеро го одбра Сиднеј наместо Ливерпул
Италијанецот ќе потпише двегодишен договор вреден 1,6 милиони евра, со што стана најскапиот фудбалер во Австралија
Играчот кој мина 19 години во дресот на Јувентус, Алесандро дел Пјеро, ја изненади фудбалската јавност. Италијанецот ја одби понудата на Ливерпул и ќе потпише двегодишен договор со тимот на Сиднеј, вреден 1,6 милиони евра, со што стана најскапиот фудбалер во Австралија.
„И Ливерпул беше во игра, тие се голем клуб, тоа не можам да го негирам. Фактот дека во Австралија ќе биде вистинска атракција, имаше свое влијание. Иако сме уверени дека ќе игра за Сиднеј, сепак, се' додека не се потпише договорот, никогаш не можеш да бидеш сигурен. Дадовме се' од себе за да го добиеме овој договор“, изјави извршниот директор на Сиднеј, Тони Пињата.
|