Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
04.09.2012, 12:11
Шаховска Македонија поголема од Австралија



По дамите, и машкиот тим подобар од „кенгурите“ на Олимпијадата во Истанбул

По женската репрезентација, на која тоа и' успеа во третото коло, и машката шаховска селекција на Македонија славеше над Австралија, но во шестото коло на јубилејната 40. Олимпијада што се одржува од 28 август до 9 септември во Истанбул. Победата од 2,5-1,5 над „кенгурите“, рангирани 12 места подолу од тимот селектиран од Драгољуб Јаќимовиќ, кој го почна турнирот од 49. позиција според рејтингот, ја донесе интермајсторот Атанас Кизов (рејтинг 2418). При нерешен резултат, нему му се исплатеше упорноста на последната табла и по 63 потези го принуди на капитулација ИМ Стивен Соломон (2378). Славеше и ИМ Филип Панчевски (2461) со бели фигури против ИМ Александар Вол (2411) на третата табла, а велемајсторот Владимир Георгиев (2566) на првата табла ремизира со ВМ Дејвид Смердон (2507). ВМ Влатко Богдановски (2448), пак, по максималниот ефект во четири партии го претрпе својот прв пораз, а го запре ИМ Мултун Лај (2397) на втората табла.

Со девет меч-бода и со 16 поени освоени по табли, Македонија пред синоќешниот седми круг го делеше деветтото место, а според Бухолц беше 23. во конкуренција на 158 машки состави. Нова пречка на избраниците на Јаќимовиќ вчера им беше 22-рангираната Италија.

Женскиот национален тим е поразен со 2,5-1,5 од Шведска, која Олимпијадата ја почна од 46. позиција, а Македонија од 68. Моника Стојковска (1939) го продолжи извонредниот настап, стигнувајќи до ефект од 4,5/6 со победата со црни фигури над ЖИМ Викторија Јохансон (2179) на втората табла. На првата Бојана Бејатовиќ (1978) го подели поенот со ЖИМ Ина Агрест (2214), а на последните две загубија Драгана Николовска (1828) од ЖИМ Кристин Андерсон (2074) и Симона лакинска (1655) од ЖФМ Емилија Хорн (2037). Избраничките на капитенот Ристе Менкиноски со шест меч-бода и со 12 поени по табли се 58. меѓу 124 тима, а вчера требаше да ги одмерат силите со Венецуела.

Резултати од шестото коло, мажи: Русија (1. по рејтинг) - Ерменија (3.) 2-2; Азербејџан (7.) - Хрватска (19.) 3-1; Германија (14.) - САД (5.) 2-2; Чешка (17.) - Шпанија (18.) 1,5-2,5; Филипини (35.) - Бугарија (10.) 2,5-1,5; БиХ (50.) - Кина (6.) 0,5-3,5; Унгарија (4.) - Полска (16.) 3-1; Англија (11.) - Италија (22.) 2-2; Црна Гора (44.) - Украина (2.) 1-3; Индија (13.) - Израел (12.) 2-2 итн.

Табела: Русија, Ерменија и Азербејџан по 11 меч-бода, Кина, Филипини, Украина, Украина, Унгарија и Шпанија по 10 итн. (Р.Д.)



Статијата е прочитана 547 пати.

Испрати коментар



Дел Пјеро го одбра Сиднеј наместо Ливерпул
Навивачи на „Арсенал“ уапсени за убиство
Ферер побрз од дождот, подобар од Гаске
Хрватите со петмина во средината и со еден напаѓач
Фергусон, конечно, ќе му даде шанса на Болт
Роналдо - Парите немаат никаква врска
Македонија се искачи на 97. место на ФИФА-листата
Македонските шахисти блескаат на Олимпијадата
Насев прв добитник на наградата „8 Септември“ за животно дело
Сити по��готвил 120 милиони евра за Роналдо!?
Федерер со Бердих за полуфиналето на Ју-Ес опен
Мундијалот ќе се игра со топката „Бразука“
Хулк и Витсел во Зенит за 90 милиони евра
(ФОТО) Македонија ги почна подготовките за Хрватска и Шкотска
Каранфилов 10., Наковска-Бикова 12. со МК-пиштол
Роналдо не е среќен во Реал Мадрид
Шведски фудбалер даде гол и почина!
Надал ќе паузира уште два месеца

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Таткото на модерниот индивидуализам
Светот годинава ја одбележува 300-годишнината од раѓањето на големиот Жан Жак Русо...
Темна визија за иднината на Европа
Францускиот филозоф Андре Глуксман смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. Во интервју за „Шпигел“...
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |