05.09.2012, 12:22 Промоција на „Кинеење“ од Тони Цифровски
„Кинеење“ претставува збирка од 60-ина текста за филмови прикажани на домашниот редовен или фестивалски кинорепертоар во период од четири години
Денеска во просториите на Кинотеката на Македонија во 11 часот беше промовирана книгата „Кинење (кино живеење)“ на новинарот Тони Цифровски во издание на „Маска“.
„Кинеење“ претставува збирка од 60-ина текста за филмови прикажани на домашниот редовен или фестивалски кинорепертоар во период од четири години, поточно од втората половина на 2008 година до почетокот на оваа година.
Книгата излезе од печат со поддршка од Министерството за култура на Македонија, а ќе ја промовираат Мими Ѓоргоска-Илиевска, директорка на Кинотека на Македонија, и Петар Волнаровски, филмски теоретичар и критичар, раководител на Одделението за истражувачка, јавна и издавачка дејност на Кинотеката.
|