Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
04.09.2012, 17:47

„Каде се оревите“, грмна опозицијата

На вчерашната надзорна расправа за земјоделството, парламентарната опозиција вадеше слики и документи со кои, според неа, се докажува злоупотреба на субвенциите

Наум Котевски



„Каде се оревите, каде се оревите...“ се ореше вчера од опозициските редови во преполната собраниска сала „Борис Трајковски“ откако уште на стартот на надзорната расправа за субвенциите во земјоделството координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски, го праша еден од сведоците, вицепремиерот Зоран Ставревски, како се искористени 50.000 евра што ги добила кавадаречката фирма „Магрива дал“ за 10 хектари насади со ореви.

„Лично бев во Кавадарци и сликав. Еве ги сликите. Тоа се голи ниви без ниту едно дрво. Никаде нема ореви. Каде се оревите“, упорно повторуваше Ивановски, кој додаде дека парите се дадени на три лица, членови на ВМРО-ДПМНЕ.

По овие негови тврдења настана жестока расправа, со фантастични вербални креации, како онаа на Јани Макрадули, кој гласно прашуваше дали Малиша Станковиќ од Социјалистичката партија ќе добие субвенции за својата јарешка брада, или, пак, како пораката на досетливиот Горан Мисовски упатена од Владанка Авировиќ - „многу ти се допаѓаат опозиционериве“...

Во тој сеопшт „детски џагор“ на вториот училиштен ден и неуморната Авировиќ не остана должна. На сите им откри дека претседателката на Комисијата за земјоделство Ленче Николовска не знае да отиде до Чаир, а камоли до Оморани за да истражува за субвенциите.

Откако малку се смирија страстите и се создаде почовечка атмосфера меѓу избраниците од народот, Ивановски продолжи со испрашувањето на Ставрески. Меѓу другото, тој потсети на изјава на премиерот Никола дека во 2011 за субвенции се дадени 115 милиони евра.

„Вашиот кумашин рече 115 милиони евра. Официјално од платежната Агенција велат 93 милиони евра, а во завршната сметка за буџетот каде што сте потпишани вие, стои дека во 2011 година за субвенции се дадени 64,5 милиони евра. Што е точно и каде е отидена разликата во пари“, му се обрати Ивановски на Ставрески.

Вицепремиерот во својот одговор се задржа на вкупниот износ од 375 милиони евра што го дала Владата на ВМРО-ДПМНЕ за субвенции, за разлика од, како што потенцираше, петте милиони во 2006.

Дали субвенциите имаат позитивен ефект врз лозарството? На што се должи, како што тврди вицепремиерот Владимир Пешевски, задоволството кога површините под лозови насади се намалени? Во 2006 година имало 25.000 хектари, а во 2011 бројката изнесува 21.000. Со вакво прашање пратеникот Марјанчо Николов му се обрати на вицепремиерот Пешевски, кој немаше конкретни податоци. Тој немаше одговор и на прашањата за фирмата „Натурал фуд“ од Градско, чиј управител е Ратко Неделковски, брат на Миленко Неделковски. Тој, според кажувањата на Николов, добил 10.000 евра субвенции за одгледување 150 кози.

„На вашиот сајт не успеав да најдам тендер за овие пари. Ќе ве молам да ја проверите работата и да не' известите“, потенцираше Николов.

Пешевски не одговори, но министерот за земјоделство Љупчо Димовски појасни дека се работи за пасиште, а не за земјоделско земјиште.

Додека Пешевски, Ставрески и Димовски тврдеа дека се живее подобро со овие субвенции и дека тие не се делат по партиска припадност, Ленче Николовска се обиде да ги демантира со случајот со фирмата „Агрооморани“ од Чашка, Велешко.

„Таа фирма е основана пред изборите. Добива 9.000 евра, но веднаш по изборите е ликвидирана. Земјоделските работи не стартувале, а парите останале во џебот. Во регистарот како основач е запишан Данилчо Василевски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров“, рече Николовска, предупредувајќи го министерот за земјоделство Димовски, кој рече дека ќе го испита случајот, дека неговиот потпис стои на откажувањето на концесијата на земјиштето.

Според неа, субвенциите се државна мерка, а не партиска и тие мора да ги добиваат земјоделците од оваа Влада, и од секоја друга што ќе дојде.

„Но мора да постои контрола во распределбата за тие да доаѓаат до вистинските земјоделски производители и да има ефект за сите граѓани. Според официјалните податоци, тоа не се случува. Од 2006 година наваму, лозовите насади се намалени за 25 отсто, намалени се и површините под пченица за 20.000 хектари, поради што увезуваме 50.000 тони лебно жито повеќе од пред 6 години, шеќерната репка целосно ја изгубивме или од 6.000 хектари сега нема ниту еден корен, производството на млеко е паднато за 30 отсто, бројот на овците од 1.200.000 сега е речиси преполовен“, потенцира Николовска.


Статијата е прочитана 3504 пати.

Испрати коментар



Општинските комитети фаќаат залет
Градоначалниците од истокот доставија „писма на намери“ до ВМРО-ДПМНЕ
Груевски пак во Канада на средба со иселениците
Четворица целат кон на Врховниот суд
Лекарите денес ќе одредат ден за штрајк
СДСМ
Инфлацијата покажува заби
Владината криза го стресе парламентот
Филе стави точка на „македонски“
Владата ќе ги награди најдобрите амбасадори



Трпе, 05.09.2012 00:12:36
Што е убаво да си современ земјоделец и тоа субвенциониран земјоделец.По професија не си земјоделец,не знаеш како се обработува земја, не знаеш и каде ти се наогат нивите и оп секоја година пари на сметка.Ама мора да си разбираш од економија.Овој кој ти средил за успешна заработувачка го следува провизија.И нека каже некој дека владата не се грижи за земјоделците.
jovan, 05.09.2012 00:19:41
Edno prasuvaat, treto odgovaraat, nesto deseto se slucuva. Katastrofa.
коментатор на коњ, 05.09.2012 06:24:57
Нилските коњи се љубоморни на јарињата затоа што за нив се добива субвенции......
ФЕЛИКС, 05.09.2012 06:57:42
Е затоа Шатевци даваа своевремено само 4-5 мил.евра за земјоделците оти знаеле со кого имаат работа.Тие земјоделци да ти биле се припадници на сегашнава власт и нормално првокласни арамии.Па се прашувам така дали некој од Шатевци се занимавал со земјоделие или само со научна дејност.Инаку за лозарството Шатевци имаат адреса каде да се обратат зошто по нив лозарите се неисплатени и се намалуваат лозовите насади.Тука им е нивниот усреќувач на лозарите,веднаш зад ќошот партиски. Очекував навистина и проширена фото галерија,со слики како се пендречат тутунарите,на лозарите им беше забренета продажба на странци а мораа да одат кај неплаќачите и т.н И на крај ме интересира дали имаше по некоја фотографија од земјоделците каде Шатевци ноќеваа било во позитивна или негативна конотација. Вероватно парти��ки се мисли да ноќевањето ептен им помага на земјоделците,оти им влеваат голем кураж на измачениот и истормозен земјоделец.
Subvencii na svoi pajtasi, 05.09.2012 07:28:02
So ova se otkriva grdoto lice na prerodbenbicite, koi po pajtaski i partiski linii delat subvencii na ludje koi motika so raka ne fatile.Sramota i rezil, a posebno odgovorite na Stavreski , konjanovski i Pesev. barem na lagite vo koi gi fatija da se zacrvenea.
Alter, 05.09.2012 08:46:59
Prasanja mnogu, proneveri uste poveke, kriv nikoj?! Banana drzava, za majmun narod!
Резилов, 05.09.2012 13:21:36
Предлагам Јани МаКРАДУли,Николов,Ивановски и уште некој од нивното друштво да ги заменат членовите на комисијата за лустрација бидејќи е очигледно дека ги бива за полициски истраги!
BHC, 05.09.2012 21:10:15
DO FELIKS, Stalno gi pravdash tvoite mili portokali so Shatevci.Sakash da recis, ako Shatevci svoevremeno im davaa na lazhni zemjodelci 4-5 mil.evra,zoshto pak sega Portokalite da ne davaat.Znaesh zoshto,zatoa shto obekavavte deka nema da bidite isti.Ke stavite kraj na korupcija,kriminal,partisko vrabotuvanje subvencii na lazni zemjodejci, ako bidite izbrani.I bevte.I shto dobivme?Nishto od toa shto obekavavte.Samo edna ubava rabota dobivme:BROJOT NA OVCITE PORTOKALOVI E PREPOLOVEN.
marko, 06.09.2012 00:08:14
taka e lozarstvoto cveta primer vo kavadarci ne go kroeja dve godini mihail panovski direktor na evn so podrska na grujovski ,sega drug ja ima firmata ama ne e problem ke rodi sega grozje vrbta na grujovski i na mihail panovski gospod gleda samopravdina pozdrav so site realni luge

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Меѓународната вселенска станица поправена со четка за заби
Станицата што чини стотици милијарди долари двајца астронаути ја спасиja со помаш на четка за заби од три долари...
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...
Мурси го враќа Египет на главната сцена
Мохамед Мурси презема стабилни чекори во новата надворешна политика. Многумина се изненадени...
Интелигенцијата веќе не постои во Европа
Интервју, филозоф Андре Глуксман (3) Францускиот филозоф смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. В...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |