Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
04.09.2012, 14:08
Федерер со Бердих за полуфиналето на Ју-Ес опен



Фиш не му излезе на мегдан на првиот носител, Чехот подобар од Алмагро

Четирите осминафинални меча на Ју-Ес опен завршија по само шест часа игра, а фаворитите уште пред зајдисонце веќе размислуваа за четвртфиналето. Првиот фаворит Роже Федерер, пак, имаше привилегија прв да го планира својот следен меч, откако 23. носител Марди Фиш му го предаде осминафиналниот двобој без борба поради здравствени проблеми. За место во полуфиналето Швајцарецот ќе се бори со шестиот носител Томаш Бердих, кој во три сета го елиминира 11. носител Николас Алмагро. Чехот не можеше да го скрши шпанскиот специјалист за земја во првиот сет и мораше да игра тај-брејк. Во вториот еднаш му го одзеде сервисот, а во третиот Шпанецот драстично загуби чекор и освои само една игра, па мечот заврпи со победа на Бердих од 7-6, 6-4, 6-1.

Федерер и Бердих ќе се сретнат по 16. пат, шести пат на големите турнири, но ниту еднаш на Ју-Ес опен. Швајцарецот води со 11:4 вкупно и со 4:1 на гренд-слемите, но единствената победа на седмиот тенисер на светот се случи токму во едно четврт-финале, и тоа на Вимблдон 2010.

Помотивиран од кога било, олимпискиот шампион Енди Мари јуриша кон остварување на својот сон за гренд-слем титула. Петнаесеттиот носител Милош Раониќ во осминафиналето не беше никаква закана, па Шкотланѓанецот го среди за два часа игра со убедливи 6-4, 6-4, 6-2. Неговиот прв сервис беше беспрекорен, со 88 проценти освоени поени, на мрежа беше ефикасен, а во ритерните натпросечен.

„Тој сервираше силно, а јас се обидував да се истегнам колку што сум долг за да го фатам топчето. Некогаш рекетот ќе биде на вистинското место, некогаш - не. Вечерва беше подобрата опција“, објасни Мари, поедноставувајќи ја својата филозофија на игра.

Четвртиот светски рекет во четврт-финалето ќе има уште еден силен сервер за противник. Хрватот Марин Чилиќ, кој е 12. носител, прв пат во кариерата си го расчисти патот до најдобрите осуммина на еден гренд-слем, и тоа доста рутински, со 7-5, 6-4, 6-0 против пријатното изненадување Мартин Клижан од Словачка. Чилиќ досега само еднаш го победил Мари во седумте меѓусебни меча, и тоа токму на Ју-Ес опен, во третото коло во 2009 година. Сепак, многу посвежи се спомените од летоска, кога Британецот победи во три сета во третата рунда на Олимпијадата.





Статијата е прочитана 571 пати.

Испрати коментар



Дел Пјеро го одбра Сиднеј наместо Ливерпул
Навивачи на „Арсенал“ уапсени за убиство
Ферер побрз од дождот, подобар од Гаске
Хрватите со петмина во средината и со еден напаѓач
Фергусон, конечно, ќе му даде шанса на Болт
Роналдо - Парите немаат никаква врска
Македонија се искачи на 97. место на ФИФА-листата
Македонските шахисти блескаат на Олимпијадата
Насев прв добитник на наградата „8 Септември“ за животно дело
Сити подготвил 120 милиони евра за Роналдо!?
Мундијалот ќе се игра со топката „Бразука“
Хулк и Витсел во Зенит за 90 милиони евра
Шаховска Македонија поголема од Австралија
(ФОТО) Македонија ги почна подготовките за Хрватска и Шкотска
Каранфилов 10., Наковска-Бикова 12. со МК-пиштол
Роналдо не е среќен во Реал Мадрид
Шведски фудбалер даде гол и почина!
Надал ќе паузира уште два месеца

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Таткото на модерниот индивидуализам
Светот годинава ја одбележува 300-годишнината од раѓањето на големиот Жан Жак Русо...
Темна визија за иднината на Европа
Францускиот филозоф Андре Глуксман смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. Во интервју за „Шпигел“...
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |