04.09.2012, 17:53 Мое ќоше
Последната златна кокошка
Ерол Ризаов
Кога еднаш ќе викнеме рацете настрана арамии, ова е наше
Ќе ја заколеме ли и последната златна кокошка на Македонија. Како на акшам пазар се нуди крвотокот на државата ЕЛЕМ, најзначајниот инфраструктурен систем, најголемата и најсложена компанија која има капитал од повеќе милијарди евра кој сега книговодствено се обезвреднува. Попрецизно кажано, таа корпорација и систем се непроценливи, па кој сака и колку сака нека смета и пресметува. Владата се намерачила, или е во тежок зорт за пари, да продаде голем дел од некогашното „Електростопанство на Македонија“. Подготовките се почнати со пробните балони дека ќе се прави докапитализација и приватизација на ЕЛЕМ. Потребни се големи пари, вели власта, за вложувања во енергетиката, па треба да се продадат нејзините темели. Ќе бидеме ли неми сведоци на уште едно злосторство и распродажба на стратегиските интереси и непроценливо богатство на државата кое го создавале генерации и генерации. Ја знаете еврејската приказна: куќа не се купува од тој што ја градел, тој добро знае колку чини; куќа се пазари од тој што ја наследил.
Стари се обидите на сдсмовските и на вмровските влади да го продадат комплетниот енергетски потенцијал на Р. Македонија. Големи и значајни делови од тој неделив грандиозен систем веќе е отуѓен со продажба на дистрибутивната мрежа во градовите, а сега се нудат хидроелектраните. Се' уште нема никакви сознанија во јавноста за тоа што ќе биде со управувањето на режимот на водите во вештачките езера и реките, во што е опфатен и режимот на нашето најголемо богатство, водите на Охридско Езеро и на реката Вардар. Исто така, неизвесно е дали и преносниот систем ќе се продава, па така комплетно да раскрчмиме се' што изградиле нашите претходници, плаќајќи го тоа со човечки жртви, со намален стандард и беда и со неизмерна физичка работа, но со вистински патриотизам и љубов кон Татковината. Знаат ли денешниве шиткачи како е градено, на пример, Мавровско Езеро, колку луѓе таму загинаа, колку доброволни акции се направени, колку народ работеше со лопати и мотики, знаат ли тие како се градени сите брани и хидроелектрични централи и оние високи железни столбови, далноводи што ги гледате по сртовите на македонските планини. Кој може денес да го пресмета тој невидлив труд, тие реки пот, кои едноставно се отфрлаат во формулите на профитабилност при приватизацијата и купопродажбите. Енергетскиот систем на Македонија е повеќе од компанија, фирма или, како што го викаат, јавно претпријатие. Тоа се дамарите на државата.
Македонската Влада и лично премиерот пред да се одлучат на ваков чин треба да побараат одговор на неколку прашања кои чинам се клучни. Прво, зошто најзначајните стратегиски капацитети, нашите најпрофитабилни компании ги купуваат странски државни фирми. Како тоа грчки „Хеленик петролеум“, државна фирма, ја купи единствената рафинерија под Сава и Дунав до Солун, денес нашето најдобро претпријатие кое фрла огромни пари во грчката вреќа без дно. Нека праша Груевски зошто не се приватизира „Дојче телеком“, туку ги купува како алва телекомуникациските системи на кандидатите за ЕУ, вклучувајќи ги и најквалитетните капацитети на македонски телекомуникации кои прават од 100 до 200 милиони евра секоја година профит што е за респект и за германски прилики.
Како тоа државна грчка банка ја купи Стопанска банка, една од најголемите наши банки претходно исчистена со интервенција на државата од сите дубиози, или како тоа високопрофитабилната цементарница УСЈЕ падна во грчки раце и низа други високодоходовни компании станаа сопственост на разни други компании каде што е мнозински државниот капитал и сопственост.
Дали во Владата воопшто знаат дека австриска ЕВН е државна компанија, дали знаат дека Нова љубљанска банка е државна банка, која кога продаде 30 проценти од својот капитал, не дозволи да купуваат соседите за да не ги контролираат финансиските текови на Словенија. Овој услов го постави словенечката влада, па така 30 проценти купија Белгијците.
Прашале ли нашите продавачи на туѓ имот како тоа златните кокошки носат поголеми јајца кога почнуваат да ги управуваат новите газди. Што мислите толку ли се глупави Герман��ите, Грците, Словенците, Австријците и сите други државни големи корпорации кои ги купуваат националните богатства на земјите како што е Македонија каде што и воздухот мириса на корупција. И конечно, чуму беа сите тие протести пред „Електростопанство на Македонија“ организирани од ВМРО-ДПМНЕ кога Владата на Бучковски се подготвуваше да го приватизира. Или тоа беше протест да не го продава СДСМ тоа што сака да го продаде ВМРО-ДПМНЕ.
И конечно, едно прашање да јавноста. До кога молкум ќе гледаме како го распродаваат нашиот имот. Кога еднаш ќе викнеме рацете настрана арамии. Ова е наше.
|
|
Статијата е прочитана 3902 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 05.09.2012 00:49:55 | Se uste se nadevame da ziveeme od ona sto ni go ostavija komunistite. A ostavija mnogu. |
| USA, 05.09.2012 04:03:39 | So retorika (aramii) ne se potvrduva poenta. I sega, Buckovski prodal ili ne prodal? Ako prodal, dali e i toj treba da se kvalifikuva kako aramija? Ili poentata od pogore moze da mu/vi se prepise deka toa bese vo red zatoa sto BJSDSM ja prodavase?? Premierot vo senka (Sekerinska) e dete na rakovoditeli vo nekogasnata drzavna firma. Mozebi taa ke ni objasni. |
| Ajde na rasprodazba na tudja pot !!, 05.09.2012 07:08:25 | Da Jovane ,komunistite izgradija i ostavija mnogu, pa ovie novi patrioti ,so eden neviden bezdarlug ,seto toa go rasprodavaat.Erol ubavo navede kako golem broj uspesni kompanii vo Slovenija, Germanija i dr. drzavi se vo drzavna sopstvenost i cekaat na busija, vakvi aramolepci da im go kupat za eftini pari ona sto go napravile so pot nivnite dedovci i tatkovci;. Dali ne se stramite bre. Dosta e! Dosta ja krcmite drzavata , kako da e vasa prcija! No Erole popusto povikuvas na otpor kaj ovaj narod. Istiot e vo takva letargija ,molk i uplav , sto i sto da mu pravat krk ne kazuvaat.Go cuva kuburot za polosi vremina , kako vo prikaznata. No se cudam kade e onaa intelektualna elita i MANU da kaze barem eden zbor za ova pustenje i rasprodazba na drzavata? Kako da sme africka kolonija od 19 i 20 vek.? |
| ФЕЛИКС, 05.09.2012 07:25:15 | Го подржувам ставот на авторот во целост со една мала исправка.Имено не треба ,,владата да знае,, дали ЕВН е државна фирма ,тоа требало да го знае предходната влада која договорот за продажба го прогласи за државна тајна.Инаку колку се сеќавам тогашната влада сакаше впо целост да го продаде ЕЛЕМ но дали ММФ, СБ или некој трет странски фактор тоа го спречи.Оти струјата добиена од ХЕ е далеку поевтина од увозната.Е сега има една видоизменета продажба да се продава 49%од ЕЛЕМ.Но познавајќи го балканскиот менталитет се плашам да не испадне како во Хрватска да со ИНА раководи Унгарски МОЛ иако има само 46% сопственост.А се од коруптивни причини за кои сега одговара Санадер,но профитот од ИНА останува кај Унгарците во поголем дел.Оти нема поништување според ЕУ на еднаш веќе потпишан договор независно колку тој е штетен.Затоа уште еднаш го подржувам ставот на авторот да никогаш не требало и нетреба да се продава национално б��гатство створено со генерации. |
| citatel, 05.09.2012 07:57:36 | I jasno deka ke go prodadat sto i da se kaze i napravi.Zatoa ima se pomalku Makedonci vo drzavata a ke gi ima uste pomalku dodeka ne ostanat samo tie vo drzavna administracija,
a potoa ??? |
| seirdzija, 05.09.2012 08:00:18 | Bez SPECIJALEN SUDMakedonija nema idnina!!!Vo pravno izdrzana i pravedna postapka pod itno nekoja nova vlast ke mora na traen rok da gi smesti denesnite patrioti(lopovi) vo zatvor so konfiskacija na ukradenoto!!!Toa e minimum na minimum za da imame nova vlast koja ke pocne da raboti ne za licen tuku za drzaven interes.Kriminalot vo Makedonija vece se meri so milijardi!!!! |
| Генерација 1982, 05.09.2012 09:01:45 | До кога браќа, мили македонци, до кога тирани, ќе не газат....имаше една таква стара македонска песна. Мора да им кажеме стоп на новите тирани на нашето време. ВМРО и СДСМ полоши се и од османлиите. Му доаѓа нешто како пијавици, како паразит залепен на дрво кој ако не го отстраниш ќе го исуши, ќе го исцица до крај. За жал многу години паразитот го цица нашето дрво и стварно незнам дали ќе може крошната да ги издржи новите бури и ветришта. |
| Наташа, 05.09.2012 09:23:59 | Да! Неми сведоци сме на раскрчмарувањето на народниот имот создаван со години и тешки маки. Сепак бевме задоволни затоа што одевме напред. За жал сега оставени на ватрометина, со неизвесна иднина, осиромашени и без артериите (капиталните структури) кои ја чинат државата. Народот е тука но ја нема основната подршка од така нареченате интелектуална, академска, културна па и од естрадната сила. Страдаат ли сите овие СИЛИ од кратковидост или само од личен интерес за сопствена добросостојба не сакаат да се придружат кон сопствениот народ. |
| stojan, 05.09.2012 09:27:34 | Sekoja cest za napisanoto..No ocigledno ne sme sposobni kako opsestvo da vodime takvi firmi,toa e fakt i tuka e razlikata megju nas i Slovencite ili Avstrija...... |
| milan, 05.09.2012 09:28:01 | Sefot na Titovite levi sili rece: KOLKU NIE IZGRADIVME OVIE NE MOZAT DA GO VAROSAT. A vlasta op lustracija. I jas velam aramii trgnete gi racete od narodnoto bogatstvo. |
| Коста Стоименовски, 05.09.2012 09:54:05 | Мошне аргументирана, издржана и поучна анализа. Очигледно е дека, како што вели лидерката на стечајците: „Дошао нож до коску“! Последиците од погрешната економска политика сега еруптираат и се бараат решенија кои водат кон неизбежна катастрофа! Во пшовеќе наврати се обидував да предупредувам на грешките, да сугерирам решенија, но сето тоа, за жал, беше залудно. |
| Mitre od Rotino, 05.09.2012 11:40:39 | Една самохрана мајка во бившата ни држава не се согласувала со одлуката на нејзиното единче да постане воено лице оти тоа е тешка професија, а и неможе да се бира место на живеење туку кај има потреби таму ќе биде распореден.
Синот сепак не ја послушал, завршил ВА и добил служба во еден мал гарнизон и и пишува на мајка си писмо : мајко јас сепак завршив,добив работа и на неа поминувам по 24 часа,многу често сум на терен и спијам под шатор или под ведро небо.Мајко многу ми е убаво, така ми и треба кога не те послушав. |
| zrak, 05.09.2012 13:04:01 | samo eden golem pozdrav do generacija 1982 i nemu slicni koj za zal se mnogu mnogu malku[luge sto razmisluvat so svoja glava]a ne so glavata na bc,grujo,ljubco.......RAZBUDETE SE, |
| bezanec, 05.09.2012 13:20:50 | Немам соодветни зборови за написот г.Ризаов, продолжи со исто темпо и голема благодарснот до твојата неумолива работаи критика соаргументи. Но овој народ е заслепен при очи глув при чујност, со исперен мозок односно испразнета глава без мозок како онаа поговорката „„ Само во празна глава не можеш ништо да туриш а празното најдалеку се слуша„„ Да дообјаснам тоа ти доаѓа како да чукаш во празна тенекија. „„Каде сте македончиња,каде отидовте, мајка македонска плаче за вас„„ И едно прашање до сите членови на МАНУ; каде сте, трошачи на народните пари,јазиците ли ви се сечени? |
| Fenix, 05.09.2012 14:30:29 | Poentata so pojmot Aramii e vistinski potez. Grupata od vlasta e vodena od edinstveniot
motiv za licen interes i bogatenje. Poimite Cest i Progres na opstestvoto se za zal cista
apstrakcija! |
| dedo dimo, 05.09.2012 14:46:04 | E ov e dosega edno dobro shto go imam prochitano od EROL. Tochno e shtom edno neshto ke se prodaj ednash ,teshko se povratuva . No prashanje za Erol e zoshto vaka ne pisuvashe vo 90tite godini koga sve se doveduvashe do propast a posle se kupuvashe za eftini pari ?I drugo Vo Cheshka i Slovachka sve shto se prodavashe site gragani vo drzavata dobivaa po neshto a kako se raboteshe kaj nas vo Makedonija Zoshto Erol togash ne napisa neshto kako MAFIJATA PREVZEDE VLAST VO MAKEDONIJA .Za vremeto na komunizmot vo Makedonija na mnogu bogati luge shto go svorile so pot, sve im beshe odzemeno i dodeleno na Mrzlivite a za vremeto na SDSM vo 90tite godini Sve shto beshe stvoreno od narodot Makedonski im beshe dadeno za eftini pari na Direktorite. |
| PRILEPCANEC, 05.09.2012 14:48:37 | Ерол,уште еден прекрасен текст,уште една голема вистина за реалноста и заблудите на овој наш народ напатен,заблуди како од СДСМ така и од ДПМНЕ.Народот е растргнат и не може да се одлучи меѓу змија и магаре.Се разочара од СДСМ и процвета со ДПМНЕ,со патриотот Груевски кој ги амнестира ЅВЕРОВИТЕ што масакрираа на ВЕЈЦЕ,што се изживуваа со МАВРОВСКИТЕ работници и т.н.,што им ја поскапува струјата,им го поскапува парното,им поскапува се што им е неопходно и без што не се живее и се прави НЕДОВЕТЕН.Покрај тоа им нуди евтини директни летови за многу дестинации во светот ,ама во еден правец |
| До Дедо Димо, 05.09.2012 15:03:40 | Дедо Димо или многу си остарел, или така ти чини. Не можеш да најдеш маана па кажуваш лаги и приказни што пишувал Ерол порано. Ние што подолго паметиме знаеме какви текстови објави Ерол и за приватизацијата, а особено за Електростопанство и обидите да се приватизира. Изгледа партиското слепило не ти дава да гледаш подалеку, па велиш само ова бил добар текст на Ризаов, а не знаеш да напишеш две реченици. Па Дедо Димо ако имаш проблеми со памтењето отвори го архивот на Нова Македонија и на Утрински и читај што пишувал Ерол, па тогаш галиба ке прогледаш. |
| nemame sposobni menadzeri, toa e problemot, 05.09.2012 16:23:11 | Problemot so NEZNAENJETO da se menadziraat golemi kompanii makedoncite go reshavaat so prodavanje na celata kompanija. Donesete sposobni stranski menadzeri (koi kje odoleat na meshanjeto na vladaata) i nema da ima potreba od prodavanje na vakvite kapaciteti |
| Mudrec, 05.09.2012 17:10:15 | Cekajte malku, dokapitalizacija ne e isto sto i prodavanje. Toa znaci deka nekoj debelo ke plati za da stane malcinski sopstvenik, a tie pari po pravilo treba da zavrsat za energetski proekti. Klucni dve temi se sto ke se pravi so dobienite pari i kakvi prava ke ima malcinskiot sopstvenik (dali ke ima pravo na veto, kolku ke moze da raspolaga so vodenite resursi itn.). So takov stav deka site se aramii i ne smee nikoj da go chepka toa sto go pravele nasite predci nema daleku da stigneme. Treba da sem otvoreni za stranski kapital, no so um. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Делумно облачно
|
Вторник
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C
|
Среда
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|