Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
04.09.2012, 17:33

Поглед

Трета среќа

Гора�� Адамовски

Со „трета среќа“ се поздравуваат меѓусебно вработените во „Порше Македонија“. Нивните шефови успеаја да го добијат бизнисот со Министерството за внатрешни работи вреден двесте милиони денари. Полицајците ќе возат „шкода јети“, министерството ќе купи 150 нови квалитетни возила, старите „крајслери“ што трошеа бензин како луди - заминуваат во историја, а фирмата-продавач ќе ќари речиси 3,3 милиони евра, што се многу пари во овие тешки времиња. Чиста работа, сите среќни и задоволни, нели?

Зошто тогаш остана горчлив кус по се' што се случуваше изминатиов период? Јавноста беше сведок на силни препукувања на угледните компании „Ка-дис“ и „Порше“, општ е впечатокот дека некој некого изиграл во тендерот.

Во услови на криза и сиромаштија, кога мал број луѓе можат да си дозволат нов автомобил, продажбата на стотици скапи возила е голем бонус за автоиндустријата. Да не зборуваме за угледот, па и бенефициите од евентуалниот „дил“ со власта. Војната меѓу компаниите е логична, се борат за своите интереси.

Но, дали не' претераа, дали беа чесни? Ако тие играле „фер плеј“, колку надлежните ги почитуваа правилата и прописите? Првиот тендер во март годинава пропадна затоа што во понудата на „Порше“ недостигал валиден електронски потпис, а „Ка-дис“ побарал 280 милиони денари што било скапо за државата. Минатата недела, „Ка-дис“ ја симна цената на 209.750.000 денари. Од „Порше“ тврдеа дека ќе понуделе помалку, ама биле оневозможени поради хакерски упад. И, надлежните потврдија дека биле во право, па лицитацијата се повтори уште еднаш.

Сега „Ка-дис“ е лут, верува оти има теорија на заговор и не учествува во новото наддавање, на кое „Порше“ победи со понуда од 199.750.000 денари. „Ка-дис“ ќе тужи, а чаршијата ќе крои приказни кој-кого...


Статијата е прочитана 1011 пати.


Испрати коментар



Јавниот долг како Jамка
Француската дипломатија и приоритетите на Оланд
Последната златна кокошка

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, -4°C

Претежно облачно

Среда
Претежно облачно
Макс: 1°C, Мин: -6°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (47)
Јованка му е лута на Тито и не сака да оди на лов со него.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |