Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
04.09.2012, 18:44

Едиторијал

Јавниот долг како jамка

Нина Нинеска-Фиданоска

Бидете спокојни, коментираат комотно првите луѓе на извршната и на монетарната власт, кога и да се прашани директно за тоа дали и колку е опасно нивото на задолженост на земјава. Можеби порано нивните изјави звучеа поуверливо, за разлика од поново време кога тонот на убедливост некако бледнее во обидите да се смири македонското граѓанство. Но, колку и да не' опсипуваат со прес-конференции, изјави и интервјуа преполни со уверувања оти „државниот долг е целосно под контрола“, изгледа е дојден моментот кога, ако ништо друго, треба да побараме малку посериозни одговори.

Новинарите што ја следат проблематиката на државните економски текови деновиве беа најблаго кажано вознемирени кога во најновите податоци на Министерството за финансии, во табелата за јавниот долг ја прочитаа бројката од 30,3 отсто учество во БДП Значи, веќе е надмината психолошката граница од 30 проценти, па иако на прв поглед некој ќе помисли дека не станува збор за драматичен раст, состојбите добиваат поинаква димензија ако показателите се проанализираат подетално.

Дури 2,345 милијарди евра должи нашата држава кон странските и кон домашните кредитори. Само за еден месец, односно во јули, вкупниот јавен долг пораснал за цели 101 милиони евра. Тоа придонесе дури и најверните поддржувачи на економските политики на Владата да се прашаат до каде ќе оди работава ако тој продолжи да се билда со ваква прогресија. Или, за првите седум месец од годинава, имаме фантастичен скок на официјалната задолженост за цели 257 милиони евра, од кои само долгот кон домашните банки и фондови пораснал за 180 милиони!

Во обид да го релативизираат брзорастечкиот јавен долг, владините функционери упорно ја форсираат тезата дека Македонија, со учество на јавниот долг од околу 28 отсто од БДП (колку што успеваше да се одржи неколку месеци наназад), дефинитивно, влегува во групата нискозадолжени земји, како и дека според малата задолженост, се наоѓа прилично горе на листата на европските држави.

Но, дали е се' во процентите и во споредбите со повисокото учество на долгот во другите држави или е крајно време малку помудро да се погледне големата слика, па Владата да се запраша, има ли земјава реална моќ во следните години да ги враќа стотиците милиони евра што ќе стигнат како рати од кредиторите. Може ли нашата анемична економија да обезбеди толку висок раст, кој би ги испорачал потребните финансии? Не, ќе ви речат најголемиот дел од економските аналитичари.

Во април гувернерот Димитар Богов предизвика голем интерес со изјавата дека нивото на јавен долг е ниско и се' уште има простор за задолжување. Но, оние што малку повнимателно ја проследија изјавата, сигурно забележаа дека во неа е содржана една многу суштинска порака, која гласеше дека „на долг рок буџетскиот дефицит треба да биде одржлив, што значи да не го зголемува јавниот долг“. Доволно индикативен сигнал до Владата дека задолжувањата, едноставно, треба да подзабават...

Но, тоа сигурно не се случи, а власта е убедена дека го прави најдоброто. Премиерот Никола Груевски пред само неколку дена ги убедуваше американските и канадските бизнисмени дека земјава е ниско задолжена и дека води здрава и стабилна економска политика.

Но, изгледа нема да биде на штета малку поаналитично да ги разгледа предупредувањата што стигнуваат од сите страни, па дури и оние од опозицијата, кои сугерираат дека „учеството на долгот е повисоко од 30 отсто во БДП, поради скриените обврски на Владата“...


Статијата е прочитана 1633 пати.

Испрати коментар



Француската дипломатија и приоритетите на Оланд
Последната златна кокошка
Трета среќа



jovan, 05.09.2012 00:59:16
Otkako doma gi ubedi site deka ovde cvetaat rozi vo site 4 godisni vreminja, eve sega i Americancite i Canaganite ke gi ubedi, deka narodot vo Makedonija e presreken, pogotovo e sreken sto sve poskapuva sekoj den. Podobra drzava i narod od ovaa nema. Kakva idila. Uste da se povampiri Koco Racin i da ja zabelezi ovaa idila kako prodolzenie na *Tutunoberacite-Lenka...* Neznam samo koj e po lud, narodov ili onie koj go majtap. Krajot ke ni bide najtezok.
Makroekonomija, 05.09.2012 08:49:49
Со секоја почит кон колумнистката, но дали еднаш ќе може некој од нашите таканаречени колумнисти да се позанимава со анализа и детално да ја разработи проблематиката и ако ништо друго барем да даде споредба со некои соседни, па макар и европски држави. Да почитувана, на долг рок треба да се овозможи одржлив јавен долг, што не значи и не зголемување на јавниот долг. Само како насока за понатамошно толкување на јавниот долг нека биде рефинансирање и структура на јавен долг, бидејќи нема ништо лошо кон тоа да се зголемува сега јавниот долг, доколку во иднина се очекуваат повисоки каматни стапки.
milan, 05.09.2012 09:11:22
Jas ne sum ekonomski ekspert,ama ke konstatiram: Nie sme visoko zadolzena zemja,bidejki dolgot sto go imame ne ke mozeme da go vrakame.(Nema od kade)Vie ekonomski eksperti ne go lazete narodot sporeduvajki ne so Italija,Spanija ili pak so Grcija (Tie imaat more dobar turisticki priliv na devizi i plus solidna industrija.) Bogatiot i ako se zadolzi ima od sto da vrati a siromaviot? Poglednete go zemjodelskoto proizvodstvo(Barem od nego izvezuvavme) sega i toa e namaleno nad 20% vo odnos na predhodnata godina.Vladata mavta so nekakvi subvencii,cenite otidoa do nebesa,politickata i meguetnickata sostjba nikakvi,a Grujo mirno zamina za Kanada i SAD,i niv malku da gi laze,ne mu bese dosta narodot makedonski.
Мики, 05.09.2012 09:19:54
Има едно основно правило: долгот да расте со стапка пониска од растот на Бруто Домашниот Производ. Колкава ли би требало да биде стапката на раст на БДП кога се знае дека само за 7 месеци стапката на раст на долгот на владата изнесува 12.3%?
neno, 05.09.2012 16:11:40
Spored site procenki bezbedni ramki za dvizenje na dolgot na nekoja drzava moze da bide od 40 do 60 procenti od BDP. Nema potreba od krevanje na panika koga i drzavnite rezervi na Makedonija se vo mnogu dobra kondicija. Nasata ekonomija nema mnogu dobri performansi taka da za nas goren limit bi bile 40 %. ota znaci deka seuste ima prostor za zadolzuvanje. Isto taka potrebno e zadolzuvanje za da ima ekonomski rast so pomos na sedstvata odobreni od kreditite.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 15°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Мурси го враќа Египет на главната сцена
Мохамед Мурси презема стабилни чекори во новата надворешна политика. Многумина се изненадени...
Интелигенцијата веќе не постои во Европа
Интервју, филозоф Андре Глуксман (3) Францускиот филозоф смета дека ситуацијата во Ев��опа е „вонредно вознемирувачка“. В...
Во Лондон се подготвува ретроспективна изложба на предмети на Дејвид Боуви
Комбинезонот на Зиги Стардаст и рачно напишани текстови се меѓу стотици предмети од сувенирите на британскиот музичар...
Таткото на модерниот индивидуализам
Светот годинава ја одбележува 300-годишнината од раѓањето на големиот Жан Жак Русо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |