Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
09.09.2012, 16:09

Мое ќоше

Социјалдемократите како вмровци

Ерол Ризаов

Бранко Црвенковски одбра како црвен пипер да се вмеша во манџата што ја зготвија ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

Многу почна да им се бендисува на социјалдемократите вмровскиот патриотизам и популизам. Се' повеќе личат на нив. Собираат евтини поени на теренот на меѓунационалната омраза. Ја губат тешко освоената и скапо платена позиција на носители на соживотот во Македонија. Прилично излигавено изгледаат деновиве во парламентот кога земаат збор да објаснат како ќе гласаат за Законот кој предизвикува жестока меѓуетничка поделба меѓу Албанците и Македонците, а демек истовремено се против политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Од поодамна гледам како во главите на најголемите социјалдемократи клечи по еден вмровец. Секогаш карикатуралноста и гротеската на македонската левица доаѓа до целосен израз кога некој сака да изигрува поголем католик и од папата. Старата сдсмовска болест автоматски се активира штом се одлучува за крупни меѓуетнички прашања. Примамливоста на национализмот им го свртува умот, па дури и се гордеат со тоа. Од она што паметните се срамат, будалите се фалат.

Навистина социјалдемократите беа во деликатна ситуација, кој пат да го фатат. Ако не го поддржат Законот за бранители кои самите го предлагаа, ќе загубат многу во очите на поголемиот дел од јавноста. Соочени со дилемата дали да застанат во истите редови со ВМРО-ДПМНЕ кој по шест години владеење најлицемерно сега го активираа Законот за бранители како одговор на инцидентот во Слупчане, што им го приреди нивниот партнер во власта, или да им дадат поддршка на ДУИ и ДПА, социјалдемократите одлучија да играат на националната карта. Кога голема национална политичка партија како што е СДСМ, ќе се соочи со ваков предизвик логичен е изборот на нивните водачи да ги покажат своите вистински демократски капацитети. Тие дострели се потпираат на доктрината да се осудува туѓиот национализам. Како во оној виц: најмногу мразам национализам и шиптари. Така Бранко Црвенковски и неговите демократи одбраа како црвен пипер да се вмешаат во манџата која ја зготвија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Со тоа социјалдемократите се доведоа во крајно глупава губитничка ситуација да договараат предизборна соработка со албанските партии, а да гласаат заедно со ВМРО- ДПМНЕ за усвојување на Законот за бранители. Никола Груевски и овојпат ги обработи како бавча.

СДСМ не ја виде најкоректната позиција во ваква деликатна ситуација и покрај големото политичко искуство на Бранко Црвенковски. Секогаш и секаде во светот кога се работи за чувствителен закон кој може да предизвика затегнување на односите во државата, опозицијата има далеку подобра позиција и помала одговорност ако со право побара прво да се постигне консензус кај владејачките партии, па потоа да даде поддршка на тоа што тие ќе договорат. Тие што го замесиле тестото треба да го испечат и лебот. Тие што го создале проблемот треба да ги расчистат работите. Вака СДСМ боси по трње се втурнаа во освојување политички поени на шовинистичка агенда која ќе им се удри од глава. Го имитираат ВМРО-ДПМНЕ на најлошата негова доктрина, примитивен популизам и националистичка кохезија. Навистина не е јасно како Црвенковски покрај гласовите на Македонци очекува и албански гласови на евентуалните предвремени избори ако гласа како трабант на ВМРО-ДПМНЕ на нешто што ги избезумува Албанците. И уште нешто многу важно што покажува дека СДСМ прилично необмислено го зема жарот во раце кој го разгореа ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Евентуалните нови прегрупирања во парламентот за ново мнозинство потпрени на легитимни изборни резултати признати од сите учесници на последните парламентарни избори, со гласање недоверба на Владата стануваат неможни со ваквата позиција на Бранко Црвенковски и на СДСМ. Дури и постизборните коалиции ако дојде до предвремени парламентарни избори, прилично ги затвараат вратите за коалиции со албанските партии ако СДСМ не е апсолутен победник, што во овој сегашен однос на силите, сметајќи и на најповолните истражувања на јавното мислење не е можно. Дури и кога СДСМ би имал подобар резултат отколку на последните избори што е реално, прашање е дали ќе може да договори коалиција со албанските партии која овозможува мнозинство и формирање влада. По ваквиот хермафродитски однос во парламентот, СДСМ се оддалечува од својата главна агенда и покажува слабост несвојствена досега на голема опозициона партија. Ќе речете, па како тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе преговара по евентуалните предвремени избори со албанските партии по ултимативно донесувањето на ваков Закон. На истиот начин како и досега. Сака со ДПА, сака со ДУИ. Никола Груевски ја откри таа формула.


Статијата е прочитана 7122 пати.

Испрати коментар



Заглушувачки молк на Груевски
Штипската опозиција во „Каменик коалиција“
Политичката прагма ги надгласа мешаните коалиции
Интервју - Барам петти мандат



seirdzija, 10.09.2012 00:16:28
Apsolutno si vo pravo,ostanuva da vidime dali e samo igra na SDSM vo odnos na DPMNE t.e. dali ke se povlecat pred glasanjeto ili so glasanje ke provociraat raspad na vladejackoto mnozinstvo.Spored mene se nadevaat deka ke izdejstvuvaat barem tehnicka vlada za da moze da se sprovedat fer i demokratski izbori....vo takvi uslovi ne veruvam deka DPMNE ke osvoi povece od 20 pratenicki mesta,ama i tie bi bile zreli za za Idrizovo via Sutka....
jovan, 10.09.2012 00:28:56
VMRO ne gi obraboti kako bavca. Ednostavno takov im e dogovorot, SDSM da glumi opozicija (i da ne dozvoluva nikoj drug da bide toa), a VMRO da hara kako saka. Vakvi *gluposti* SDSM ima praveno eden kup za vreme na ovie 6 godini, i toa, ako ste primetile(prisetete se) isklucivo vo momenti koga VMRO ja gubi podrskata megu narodot, a SDSM zajaknuva. Togas obavezno pravat*glupost*. Nejasno e samo koj vo SDSM e *krtot* koj ova go *organizira*. Koj i da e, toj e vo samiot vrv. SDSM vo momentov e mnogu *somnitelna* partija, rascepena na *reformatori* koj se borat za prevlast, *krtovi* koj se vo tajna koalicija so VMRO, i dosledni SDSMovci koj se ili sutnati ili se za odstrel ako mnogu se istaknuvaat. So eden zbor drzavata e rakovodena od nekoj centar koj gi kontrolira skoro site relevantni partii. Dali e toa nekoja tajna sluzba, ili nekoe kriminalno podzemje, neznam. No ne e ni VMRO ni SDSM, a najmalku pa Gruevski. Toj siromaskiot, poima nema cii naredbi sproveduva.
Predavnik, 10.09.2012 00:30:54
Jas mislam sprotivno t.e. deka SDSM im udri kloca na patriotite, koi ochigledno se smetale deka albanskite partii so pomosh na *izdajnichkata* SDSM ke go sprechat zakonot, a oni ke bidat *zrtvi* na ne principielni koalicii i na toj nachin da go zasilat tobozniot patriotskiot imidz i dobijat na rejtingot. No na SDSM im e preku glava od griza i odgovornost, pa postapija kako shto postapija, a sega DPMNE neka mu ja misli. A mozebi se bara prichina za napushtanje na vlasta, bidejki kruzat informacii deka do krajot na godinata treba na nacijata da im se soopshti novoto ime na drzavata, a tie se *patrioti*. Popat, krizata se povekje pritiska i rejtingot e vo sloboden pad, pa brodot treba shto poskoro da se napushti. Vrag ke go znae! Vo sekoj sluchaj Slupchane i Predlog-zakonot za branitelite ne se prichina za takvi potresi. Tokmu zatoa ve molam, objavite go vazechkiot Zakon za branitelite, da vidat ludjeto deka noviot nishto sushtinski ne menuva, odnosno celta e neshto sosem treto. Pozdrav!
Alter, 10.09.2012 03:55:55
Hazardski poteg na SDSM koj ke se isplati. No najbiten moment e deka branitelite ne trebase da cekaat 11 godini za eden vakov zakon. Dekadentno e Rizaov da gi stava branitelite i teroristite vo eden kosh. Nevkusno e da se kaze deka makedoncite sekogas treba da gi krojat zakonite na nacin koj nema da gi voznemiri albancite. Nekoi tvoi kolumni se kako da si portparol na desnoto krilo na DUI. Kade si da napises dva zbora za pomiluvanjeto na Hashkite slucai, za gradenjeto divogradbi dzamii nasekade niz Makedonija. Mnogu lesno gi osuduvas Makedoncite i nivnite postapki...za zal se poveke nalikuvas na samorpoglaseniot analiticar Kim Mehmeti (a toa ne e kompliment veruvaj mi).
Sarski, 10.09.2012 05:06:25
SDSM postapi edino ispravno vo ovoj slucaj,svesni deka drugata strana dobi maksimalno a toa e amnestija.Podrskata ne e kon VMRO-DPMNE nego kon branitelite. Bravo
Трпе, 10.09.2012 07:36:29
За прв пат не се согласувам со коментарот на господинот Ризаов кој многу го ценам.Во право е само за ова кога СДСМ губи поради не��ои ситни поени.Но овде Бранко не е крив иако секогаш го стават како дежурен виновник.Вистинскиот виновник е македонското гласачко тело,кое наместо да го интересира економијата тоа пага лесно на лажен патриотизам.Иако СДСМ со години народот го убедува и сака да го поучи македонскиот народ дека од патриотизам не се живе уште од почетокот на повекепартискиот систем македонскиот народ пага на буквите ВМРО.Како велат на човек со сила неможе да му дадеш но на сила може само да му земеш.Ако со левак у глава можеше нешто да се стави се ке беше во ред но е неможно.На нашиот народ му треба илузионистички способности.Прост народ ,држава за никаде.Народот како ке си зготви така и ке си го јаде.А партите се прилагодуват спрема народот.Зарем имаше причина СДСМ да ги изгуби изборите 2006 и 2008 година.Овој народ не го интересира ниту целта ниту суштината.Не требаше да има
ФЕЛИКС, 10.09.2012 07:52:38
Кога се нема ништо да се понуди на политичката сцена одвреме на време Шатевци ја јаваат националистичката метла.Па така некаде во јули годинава понудија коалиција со власта да во Кичево заеднички настапат против ДУИ и ДПА.Сега повторно се согласуваат со законот за бранители оти треба да удоволат меѓу другото и на минорниот коалициски партнер на партијата на бранителите и нивниот наакан лидер,кој мисли повеќе на себе одколку на оние кој ги представува.Како и да е веќе видени акробатски политички вратоломии напред назад на Шатевци,за кој нивнивните симпатизери незнаат како да ги искоментираат.П.С очекував авторот покрај манџата и пиперот да има свој став и за повторената ескиважа на Шатевскиот лидер на денот на независноста.Барем 3-4 збора осуда за непојавувањето од полагање венец па се последниот свечен чин на прославувањето.Но како и да е на селективниот молк веќе одамна навикнавме.
Mark, 10.09.2012 08:32:54
Prvo, g.Rizaov na site *patriotski* komentatori im drzi lekcija od objektivnost, i site nivni obvinuvanja za pristrasnost stanuvaat komicni! A za SDSM sto da se kaze - partija koja dolgo vreme samo si ja brka sopstvenata opaska..Iako ne sum sledbenik na teorii za zagovor, ne mozam a da ne se prasam - vozmozno li e da ni e opozicijava navistina kilava ili se ova sto go gledame e samo nekakva selsko-provinciska rezija, od dvete strani??
Nekoi raboti ce izlezat na videlina, 10.09.2012 08:35:04
Erole! ne biu mozel vo potpolnost da se slozam so tebe. Branko Crvenkoski e premnogu dolgo vo politikata i e iskusen i lukav igrac, taka da e tesko da se poveruva deka taka lesno ja lapnal jadicata, odnosno ce dozvoli Grujo da go obrabotuva kako bavca Tuka se krijat drugi raboti i igri.No fakt e deka DPMN-eto e vo panika, i znaejci deka progresivno go gubi rejtingot , pravi koalicii i so razni belosvetski kriminalci kako Magas, za da isfabrikuvaat nekakvi prikazni , no vece se pomalku im veruvaat. Ne znam kolku pari gi cinese Magas i dali ce mu dadat i pocesna kniska na DPMNE?Isto taka ja spregnaa i dijasporata od Avstralija i Kanada , koja ja imaat pod kontrola, da se javuva so razni soopstenija, kako bila zagruizena za drzavata?! Na kraj da pocekame Do krajot na godinata od seto ova mora nesto da se porodi i nekoi raboti ce izlezat na videlina
Stole, 10.09.2012 08:36:37
Konecno da ne se soglasam so Erol. ARGUMETI: VMRO i DUI (toa bese dogovoreno) mislea deka SDSM nema da go podrzi zakonot, taka VMRO ke go napagase SDSM i ke go popravase rejtingot kaj makedoncite a DUI ke se falese deka go stopirale i ke go krevase rejtingot kaj albancite .Toa e primitivniot nacin na vladeenje na ovaa Vlada. Konecno go svati toa i SDSM i narodot . Zatoa ke bidat kazneti na narednite izbori. SDSM vo izminatite 21-god.sekogas bese na vistinskata strana, mislam deka se i sega.Zato ovie se zbunjeni i iznenageni. Ke vidime kako ke se dvizat rabotite.ARGUMENT : Samo so tehnicka vlada ima sansi da se donesat FER pravila za narednite izbori. Toa za Makedonija ke bide najdobrata varijanta. P.S. Moe licno mislenje Ako na komandantot i komandirite na ONA mu se dava pratenicka i ministerska plata zosto ne bi mu se dalo i na zaginatite i ranetite od konfliktot.So eden zbor zakon treba da se donese za site, samo taka ke gi relaksirame meguetnickite odnosi.
Realen, 10.09.2012 09:45:00
Go citam avtorot i gi citam komentarive i nemozam da veruvam sto se ima vo necii glavi,Pa so prost jazik bi sakal da napisam nesto. DUI e ONA toest zivite teroristi koj pocnaa da pukaat vo pripadnici na bezbednosta kao nemale prava vo MK vo zemjata vo koja imaa se od TV, Radio, vesnici, skoli,verska sloboda koja ja nemaa i vo nivnata maticna zemja.I posle toa nivno pukanje se potpisa ramkoven dogovor potpisan od Ljupco kako VMRO i Branko kako Sdsm.So toj dogovor bevme li prisileni ili ne nie potpisavme deka tie ne bile teroristi tuku borci za sloboda i kako takvi SDSM toest Branko si gi zema vo koalicija da si se vrati na vlast.Posledovatelno na toa morase i VMRO toest Nikola da si gi zeme i on.Sto e sega problemot?Zasto zivite borci za sloboda se poinakvi od mrtvite?neli gi amnestiravme.Izdajnistvoto sto go napravija togasnite lideri i eden segasen nemoze da go perat drugi.Ili ke gi slavime tie borci za sloboda ili ako ostanat teroristi togas potpisnicite treba da se sudat za izdaja.
tose, 10.09.2012 09:51:27
Bravo za predavnik odlicno razmisluvanje, a ti Jovan si tapa vrska nemas sto pisuvas,te centri na mok te ova te ona.Zakonot za braniteli namerno bese staven vo igra kako kontra na glupostite na dui.Od toj eventualen zakon branitelite nema da dobijat nisto novo bidejki e samo kozmetika na postoeckiot zakon od 2002 godina,ama nasiot narod saka samo da pisuva i da tropa gluposti a go mrzi da procita sto pisuva vo noviot predlog zakon.E koga ke go procita ke mu stane jasno kakva igra igraat portokalovite patrioti.
kaktus, 10.09.2012 10:20:03
Браво Ероле. Со ова се потврди уште еднаш дека си партиски независен, објективен, и критички определен новинар. Да ги видам сега вморонските апологети каква критика ќе ти упатат (посебно Феликс и Ко)
BitolaHamiltonCanada, 10.09.2012 11:09:16
Gruevski i Ahmeti im frlija meso na SDSM i DPA i si zaminaa,Gruevski po amerikite a Ahmeti si ostana doma spokojno da si gleda seir. A ovie se karaat ili se karaat megu sebe.So eden metak dva zajaci otepani.Ortaklukot megu Branko i Tachi rasturen a Ahmeti ke se luti ke kloca, ako treba i Ustav ke bara da se smeni,ama ortak so Gruevski,si ostanuva.Ubava popara im nadrobija...neka srkaat i neka im e na zdravje.Tie ke srkaat a Ahmeti i Gruevski ke si gi trijat racete.High five za Gruevski i Ahmeti.
pretpriemach, 10.09.2012 13:00:21
Rizaov premnogu si strog kon Crvenkovski.... i samiot znaes deka reakcijata na SDSM bese iznudena... kako? e pa posle Slupcane, Zakon za braniteli, po nego reakcija na DUI deka ke bide protiv Zakonot, pa reakcija na DPA (koalicioniot partner na SDSM) kade se poddrzuva postapkata na DUI-se za albanskite interesi... i sega sto trebase da pravi BC? Bese prinuden (a mislam deka i sakase) da go poddrzi Zakonot za braniteli... So ovoj poteg nesto dobi a nesto izgubi... dobi so toa sto nasproti albanskata (DUI-DPA) toj zastana na makedonskta strana i so toa se strusi uveruvanjeto deka samo Albancite se borat za nivnite interesi... znaci mozat i Makedoncite koga sakaat da bidat edinstveni (toa e dobro za Makedonskiot optimizim i da im se ukaze na drugite deka nemozat samo tie da imaat baranja)... Sto izgubi - izgubi da bide opozicija seka e ni vamu ni tamu....
Goran, 10.09.2012 17:02:15
Do Tose: Kakvo citanje Tose?! Nasive prestanaa da citaaat mnogu od damna. Gi citaat prvite recenici od pocetniot paragraf i posle komentiraat i se plukaat za tie dve tri recenici. Kakov sram! Mi se gadi kolku poslednive dve generacii se prazni i sablonski nastroeni... Tesko nas... Tesko na Makedonija...
taka e, 10.09.2012 17:19:51
taka e gospodine Rizaov ova e dokaz deka ste stvarno objektivni vo svoite tekstovi samo taka prodolzete

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Делумно облачно

Петок
Грмотевици
Макс: 22°C, Мин: 17°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 26°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...
Жителите на Фокландските Острови се сметаат за Фокландери
Според пописот Островјаните се гледаат себеси како жители на самостојна прекуморска територија и бараат од Аргентина да ...
(ФОТО) НАСА објави снимки од терористичкиот напад во Њујорк
На годишнината од терористичките напади на 11.септември, НАСА објави фотографии снимени непосредно по нападот врз Светск...
Заврши истрагата за смртта на Алјенде
При истрагата е утврдено дека поранешниот чилеански претседател се самоубил на денот на државниот преврат на 11.сеп...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |