13.09.2012, 12:55 Се породи Адријана Лима
Манекенката утрово преку Твитер ја сподели среќната вест за раѓањето на втората ќерка Сиена
Откако објавија дека Адријана е во блажена состојба, кошаркарот Марко Јариќ и манекенката Адријана Лима се' понатаму оставија под превезот на тајната и не сакаа ништо да откријат - ни полот, ни името на бебето, ни во кој месец од бременоста е ангелот на „Викторијас сикрет“. Меѓутоа, убавата манекенка со целиот свет на Твитер, утрово, на 13 септември, ја сподели среќната вест - родила ќерката Сиена.
„Марко и јас сме пресреќни што во нашето семејство ја донесовме Сиена. И Валентина едвај чека да влезе во улога на постара сестра“, ја објавила Адријана Лима среќната вест на својот профил на „Твитер“.
Така, парот по вторпат се најде во улога на родители, бидејќи веќе ја имаат тригодишната ќерка Валентина. |