10.09.2012, 23:15 Фејт прогласи завршуавање на надгледуваната независност
На прес конференција по седница на Меѓународната управувачка група, на албански јазик прогласи завршување на надгледуваната независност на Косово
Меѓународниот цивилен претставник во Косово, Питер Фејт наведе денеска дека е разочаран што владеењето на правото не е воспоставено и на север во Косово и додаде дека е време северот да се стави на дневен ред.
Не исклучувајќи дека за решавање на тој проблем може да придонесе и Белград, Фејт порача дека Владата во Приштина треба да почне контакти и комуникација со граѓаните на север во Косово. Вториот пристап, според него е дијалог со Белград.
На прес конференција по седница на Меѓународната управувачка група, на албански јазик прогласи завршување на надгледуваната независност на Косово.
Фејт додаде дека постојат напори на владата во Приштина прашањето за северот да се реши со почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово и решението да асе најде со поголема европска перспектива.
|