11.09.2012, 12:10 Еден загинат при бомбашки напад на полициска станица во Истанбул
Еден полицаец загина, а уште пет други лица се повредени денеска кога бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот што го носел на себе во дворот на полициска станица во северното истанбулско предградие Султангази.
Турските медиуми јавуваат дека конечниот биланс на загинати може да биде поголем, бидејќи повредените се наоѓаат во критична состојба.
При експлозијата се оштетени влезната врата и ходникот во влезот на полициската станица.
Полицијата го блокира реонот околу станицата и започна истрага со цел да го утврди видот на експлозивот со кој е извршен нападот, а во исто време се врши и преглед на снимките на безбедносните камери.
Засега никој не презеде одговорност за нападот, но медиумите претпоставуваат дека тој нејверојатно е дело на терористичката Курдска работничка партија (ПКК), иако не ја исклучуваат можноста зад нападот да стои и некоја екстремно левичарска или радикална исламистичка организација. |