10.09.2012, 11:52 Труп на мртовец исчезнал на пат од Црна Гора за Германија
Трупот на починатиот планинар Карлхајнц Ролф (71), кој настрада на планината Дурмитор, во Црна Гора, повеќе од 10 дена не може да пристигне до Дрезден.
Трупот со авион на „Јат“ пристигнал во Франкфурт каде му се губи секоја трага.
Семејството е во очај бидејќи повеќе од десет дена трупот на покојникот не стигнал дома и не се знае дали за тоа да го обвинуваат српски „Јат“ или германска „Луфтханза“, компаниите што биле задолжени за превоз на трупот.
Штрајкот во „Луфтханза“, меѓутоа, им ги измешал плановите. Имено, Ролф исчезна на 26 август на Дурмитор. Неколку дена го бараа, а откако го пронајдоа, неговиот брат побара да го превезат до дома. Покојникот, во мртовечки сандак, прво со авион биле превезен од Подгорица до Београд. Потоа со српски „Јат“ префрлен во Франкфурт, во Германија, од каде минатиот петок, токму на денот на штрајкот на помошниот персонал на „Луфтханза“, требало со авион да се префрли во Дрезден.
Според пишувањето на германскиот весник „Билд“, меѓутоа, на сандакот со покојникот во Франкфурт му се губи секоја трага. Според весникот, црногорскиот погребник Ѓорѓе Маљевиќ не знае ништо освен дека телото со „Луфтханза“ требало да се префрли од Франкфурт во Дрезден.
Германската амбасада во Црна Гора, како што маведува „Билд“, соопштува дека покојникот се наоѓа во ладилник на франкфуртскиот аеродром. Меѓутоа, во „Луфтханза“ тврдат дека немаат никакви сознанија за тоа и дека кај нив нема никакав сандак со покојник што бил превезен од Црна Гора и што треба да се префрли до Дрезден.
Од друга страна, од „Јат“ за српскиот весник „Курир“ соопштија дека телото досега веќе требало да биде испорачано на семејството во Дрезден и дека српската компанија се погрижила тоа така и да биде.
|