11.09.2012, 15:38 Ученик прободен со нож во скопски АСУЦ
Ученикот Б.Ф.(18) од Државното средно училиште „АСУЦ Боро Петрушевски“, вчера околу 14 часот, додека стоел пред работилницата во дворот бил физички нападнат од две години помлад соученик.
Додека Б.Ф. со другарите стоел пред работилницата не му пришол 16-годишникот и физички го нападнал. Тој го удирал со тупаници и клоци по телото, а потоа со нож му нанел убодна рана во пределот на десната потколеница.
Повредениот ученик бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде му биле санирани лесните теелсни повреди. Тој по лекарскиот третман бил пуштен на домашно лекување.
Полицијата извршила увид на местото на каде што се одиграл инцидентот, а напаѓачот бил повикан на разговор во Полициската станица „Гази Баба“.
Ова е прва тепачка помеѓу тинејџери во оваа учебна година. Минатата година тепачките помеѓу младите зачестија толку многу што полицијата беше принудена да врши надѕор на средните училишта, а под полициаска опсервација беа и автобусите на јавнио градски превоз. (Љ.С.)
|