11.09.2012, 16:14 Шведски новинари ослободени од Етиопија
Двајца шведски новинари вчера беа ослободени од Етиопија откако истиот ден претходно беа помилувани од владата која ги затвори поради помагање на забранета бунтовничка група, јави дипломатски извор за Ројтерс. Изворот рече дека новинарите биле ослободени од затвор во попладневните часови и се качиле на авион за Шведска.
„Тие веќе се во авион, а беа ослободени неколку часа пред тоа“, изјави западен дипломатски извор за Ројтерс на аеродромот во Адис Абеба. Други извори на аеродромот потврдија за Ројтерс дека авионот полетал, а новинарите биле во него.
Новинарот Мартин Шибје и фотографот Јохан Першон беа уапсени во јули 2011 година по влегувањето во земјата од соседна Сомалија, со борци на бунтовничката група Огаден национален ослободителен фронт (ОНЛФ). Односите меѓу Етиопија и Шведска стана се' позатегнати во периодот од две години пред судскиот случај на новинарите. Некои дипломатски извори велат дека етиопската влада ја измачуваше поддршката на Шведска за опозицијата на Етиопија. |