10.09.2012, 09:42 Реџепи: Состојбата на северот нестабилна
Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи, по воружениот напад врз полицијата и ЕУЛЕКС, состојбата на северот на Косово ја оцени како неподнослива и нестабилна.
Според него во овој дел на Косово и натаму има многу проблеми и предизвици и таму е создадена неподнослива ситуација, а како решение за излез од ситуацијата тој предлага внатрешен дијалог со претставниците на заедниците.
- Косовската Влада и меѓународните претставници пред да одлучат за ставање крај на набљудуваната независност биле свесни дека Планот на Марти Ахтисари не може комплетно да се имплементира на северот на земјата поради објективни причини, каде освен косовските инситуции, одговорност имаат и меѓународните, нагласи Реџепи.
- Стабилноста ќе се постигне, владеењето на редот и законот е предуслов и јас се надевам дека и КФОР ќе биде подготвен да ни помогне заедно со ЕУЛЕКС и косовската полиција. Тие граѓани се заложници на одредени криминални или радикални политички групи и оваа состојба ќе се регулира, изјави Реџепи. |