10.09.2012, 15:29 Рајан Рејнолдс тајно се венчал со Блејк Лајвли
Неколку песни на свадбата отпеала Флоренс Велч од групата „Флоренс анд машин“, инаку добра пријателка на актерката, која се прослави со серијата „Озборувачка“
Една година од првото појавување во јавноста, Блејк Лајвли (25) и Рајан Рејнолдс (35) се венчале во најголема тајност. Како што потврдил извор близок на парот за магазинот „Пипл“, двајцата актери се венчале во неделата на 9 септември, во гратче близу Чарлстон.
Неколку песни на свадбата отпеала Флоренс Велч од групата „Флоренс анд машин“, инаку добра пријателка на актерката, која се прослави со серијата „Озборувачка“.
Пред Рејнолдс, кој веќе има еден брак зад себе со Скарлет Јохансон, Блејк Лајвли била во врска со Леонардо ди Каприо.
|