11.09.2012, 10:51 Едно лице почина во пожар во Мариово
Едно лице синоќа го загуби животот во пожар во куќа во село Бешиште - Мариово, а друго е повредено и е префрлено на лекување во прилепската болница.
Според првичните информации од истражниот судија, пожарот ја зафатил куќата во селото Бешиште синоќа меѓу 19 и 20 часот, при што целосно изгорел 44 годишниот Цане Јуртоски.
Од прилепската противпожарна единица велат дека за огнената стихија биле информирани нешто по 19 часот.
Според Гоце Јонзоски, од итната медицинска помош, засега е непознат идентитетот на другото повредено лице, кое наводно се обидувало да му помогне на 44 годишниот Јуртоски. |