Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
11.09.2012, 15:52

Талевски и вети нова стрелачка сала на Наковска-Бикова



Параолимписката шампионка и светска рекордерка за следните Игри во Рио де Жанеиро ќе тренира во новоопремен објект за стрелаштво

БИТОЛА - Македонската „златна“ стрелачка Оливера Наковска-Бикова за следните Параолимписки игри во Рио де Жанеиро ќе тренира во новоопремена спортска стрелачка сала во Битола. Ветувањето за подобри и попристојни услови за стрелање македонската параолимпијка го доби денеска лично од градоначалникот Владимир Талевски.

Битолчанката Наковска-Бикова, која го освои златниот медал во дисциплината воздушен пиштол 10 метри на Параолимписките игри во Лондон, вели дека нејзиниот успех се должи на долгогодишна и макотрпна работа, секојдневни тренинзи и одрекување од приватниот живот, а не на обезбедени пристојни услови за занимавање со овој спорт.

„Тренирам во минимални услови во спортска сала во Центарот за социјални работи во Битола. Од градоначалникот добив ветување дека во иднина ќе се вложат напори за да се направи стрелиште. Зашто Параолимписките игри во Рио се ближат“, рече Наковска-Бикова на средбата со Талевски во битолската Општина.

Олимпијката вели дека многумина и' помогнале во изминатата година додека се подготвувала за Игрите во Лондон.

„Работам во ’Фустеларко Борец‘ во Битола и од Нова година сум отсутна од работа, ме ослободија за да можам да се подготвувам за спортските игри. Многу сум им благодарна. Јас се посветив на спортот и нема откажување“, вели македонската стрелачка.

Битолскиот градоначалник Талевски најави дека за скоро време ќе опреми тренинг-простор вклучително и опрема за потребите на битолската параолимпијка.

„Ова што го постигна Оливера ќе биде запишано со златни букви во историјата на Битола. Има луѓе кои секогаш ги надминуваат проблемите. Оливера покажа дека и во такви услови може да се добие златен медал. Но, бидејќи навистина работат во тешки услови, се договоривме со целата екипа да одберат место и простор во кој ние ќе вложиме. Сакаме Оливера да биде максимално подготвена до 2016 за Олимписките игри во Бразил“ рече Талевски.

Наковска-Бикова вчера заедно со своите колеги Бранимир Јовановски и Ванчо Каранфиловски како и со преостанатиот дел од тимот беа свечено пречекани во битолската Општина. Од градоначалникот Талевски, Наковска- Бикова доби подарок грбот на Општина Битола и икона од заштитникот на градот св. Нектариј Битолски.

Нејзиниот тренер Јовановски вели дека за да се постигне успехот на Оливера не може само да се ��еме дете од улица и да се доведе во спортски клуб и да постигне високи резултати. Токму затоа најави дека Наковска-Бикова нема пречки да учествува и на Олимписки игри.

„Успехот на Оливера е плод на 15 години макотрпна работа. Таа тренира 11 месеци во годината, пет дена во неделата, со минимум четири часа днев��н тренинг. Таа ќе биде сериозен кандидат за состав на македонската репрезентација за Олимписките игри во Рио во 2016 година“, рече Јовановски. 

Вечерва на плоштадот во Битола ќе се одржи музички настан насловен „Добредојде за Оливера“. (А.Б.)


Статијата е прочитана 566 пати.

Испрати коментар



Адеми од Динамо Загреб во македонскиот дрес?
Гвардиола го поддржува отцепувањето на Каталонија
Ферер победи за водство на Шпанија против САД
Пандев - Хрватска и Србија ќе паднат во Скопје
Претседателот на Фенербахче ја шокира Евролигата
Металург не отпатува во Прешов на натпревар од СЕХА лигата
Стефанов - Заминувам од лични причини, но останувам во репрезентацијата
Тајсон љубител на мјузикли!
Арсенал сака да го задржи Венгер
Димитриевиќ ја преслуша Барселона
Роналдо фокусиран на победите, а не на договорот
Монтепаски му оддаде почит на Мекејлеб
Пари од УЕФА за четири македонски клубови
„Коцкестите“ со голем бод од Брисел
Србија го фати последниот воз за Евробаскет 2013
Парична награда од 30.000 евра за Наковска-Бикова
Кличко ја почна изборна кампања во Украина
Јаневски - Македонија заслужи да победи во Глазгов
Хулигани ги каменувале Меси и Аргентинците
Мекларен нема план Б ако си замине Хамилтон
Оланд на слепа параолимпијка - „Ви мавтав, но не ме видовте“
Мари, конечно, со Гренд-слем трофеј
(ФОТО) Тренинг на македонската репрезентација на „Хампден парк“ во Глазгов
Надежите на Македонија не се пласираа во баражот за ЕП
Левин - Шкотска мора да ја победи Македонија
Македонска решителност против шкотската агресивност
(ФУДБАЛ ВЕСТИ) Ибрахимовиќ - „Јас сум жива легенда“
Ѓоковиќ и Мареј во вечерашното финале
Металург едвај извлече реми против Хоризонт Здравје
Металург надмоќно до групите од Лигата на шампионите
Контадор ја освои Вуелта
Четврта титула за Серена Вилијамс на Jу- Ес опен
(ФОТО) Свечено затворени 14. Параолимписки игри во Лондон
Металург во финалето на квалификациската група за ЛШ
Хамилтон ја освои пол позицијата во Монца



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Петок
Обилни врнежи
Макс: 22°C, Мин: 16°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...
Жителите на Фокландските Острови се сметаат за Фокландери
Според пописот Островјаните се гледаат себеси како жители на самостојна прекуморска територија и бараат од Аргентина да ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |