10.09.2012, 13:51 Металург едвај извлече реми против Хоризонт Здравје
Во првиот осминафинален меч од Купот, гостите имаа убедливо водство од 0:2, но на крајот одиграа нерешено 3:3
Екипите на Металург и Хоризонт Здравје повторно беа креатори на одлична фудбалска претстава, овојпат во рамките на првите средби во осмина-финалето во Купот на Македонија.
„Металурзите“ не само што не успеаја да ја искористат предноста на домашен терен, туку против турновци се спасуваа од пораз. Гостите имаа убедливо водство од 0:2, но на крајот одиграа нерешено 3:3.
Во првите натпревари лесна задача имаа прволигашите Пелистер и Ренова, и двата тима забележаа убедливи победи од 5:0 над Баби, односно 11 Октомври.
Дуелот помеѓу прволигашите Шкендија и Брегалница заврши со минимален триумф на домашниот тим од 1:0.
Реванш-средбите од Купот на Македонија се закажани 26 овој месец со почеток во 15 часот. (М.К.)
Резултати од првите средби: 11 Октомври - Ренова 5:5, Металург - Хоризонт З. 3?3, Шкендија - Брегалница 1:0, Пелистер - Баби 5:0, Локомотива - Тетекс 0:2, Башкими - Силекс 1:1, Победа Ј. - Дрита 0:0, Вардар - Еуромилк (19 септември);
|